Македонија
Мицкоски побара поддршка од Орбан и Сијарто за деблокирање на Македонија на патот кон ЕУ
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и потпретседателот Александар Николоски, денеска во Будимпешта имаа работна средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, како и работен појадок со унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.
На средбата со унгарскиот премиер Орбан биле констатирани одличните и пријателски односи што постојат помеѓу сестринските партии ВМРО-ДПМНЕ и унгарската Фидес.
Од ВМРО-ДПМНЕ пренесуваат дека Мицкоски на средбата се осврнал и на блокираните европски интеграции, кои се последица на последното вето на источниот сосед, кое Македонија ја оддалечува од стратешката цел членство во Европската Унија. Лидерот Мицкоски побарал поддршка од Унгарија за деблокирање на патот кон ЕУ и воедно севкупна поддршка за земјава на патот кон европските интеграции.
„Премногу долго државата е заробена во недостиг на реформи, калкулирања и тапкање во место, што резултира со оправдана нервоза, но и своевидна фрустрација во исполнувањето на стратешката агенда. Точно е дека македонската Влада има огромeн застој во исполнувањето на реформите, неисполнети ветувања и не до крај посветен пристап кон интеграциите, исто како што е точно дека државата и сите нејзини граѓани не смее да бидат заглавени поради таквата неспособност на домашната Влада, но и недоволната спремност на сите земји членки на Унијата да им подадат искрено рака на земјите апсиранти кон ЕУ“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тие разговарале и за економската и за здравствената состојба, како и за предизвиците што произлегуваат од пандемијата на Ковид-19.
„Македонската економија е во рецесија и над 50 илјади наши сограѓани ги загубија своите работни места. На граѓаните им недостига конкретен план како да се излезе од кризата, но и сигурност и перспектива. Најголемиот дел од граѓаните очекува од Владата стратегија и план како тие ја проектираат иднината за одреден период од сега. За огромна жал, Македонија е меѓу земјите со најголем број починати во споредба со бројот на жители поради пандемијата на Ковид-19. И тоа е доказ за неспособното и не до крај доволно посветеното работење на властите во надминувањето на предизвиците. На тој план клучна е размената на знаења и искуства со понапредните држави, како што е Унгарија, и би бил багодарен доколку Унгарија помогне на тој план со кој било свој расположлив потенцијал“, истана Мицкоски на средбата со премиерот Орбан.

На работниот појадок со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, станало збор за стратешките приорити поврзани со членството на државата во Европската Унија. Мицкоски побара од Сијарто поддршка и вклучување во деблокирање на пристапиот процес. Државата не смее да преговара за своите идентитетски обележја и тоа не смее да биде цената за напредок на земјата кон патот на Европската Унија, истакна лидерот Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
После Албанија и Косово, следна дестинација на мигранти е Македонија, велат од СДСМ
Не се само британските медиуми, многу светски медиуми имаат објавено анализи и информации од планот за „центри за враќање на мигранти“ од Британија и други земји на Балканот, истакнуваат од СДСМ.
„Косово стана првата земја која прифати одбиените мигранти од Британија. Албанија исто така се согласи за изградба на прифатни центри за мигранти но од Италија.
Пред 5 дена, „Дојче Веле“ објави дека 40 мигранти веќе беа донесени со воен брод во центрите во Албанија. Ете колку бргу се развиваат работите. „Мигрантите, треба да останат во камп во Албанија сè додека не бидат депортирани.“ пишува во текстот на Дојде Веле.
Британските медуими пак пренесоа дека Владата на Мицкоски и ДПМНЕ разговара за мигранти од Британија во Македонија. Британците известуваат дека е договорено по 20.000 фунти по мигрант, нивно вклучување на пазарот на труд, особено во градежништвото, како и долгорочно населување во нашата држава. Ова е вистината! Дали светските медиумите лажат? Дали СДСМ лаже?
Кој лаже? Власта на Мицкоски“, додаваат од опозициската партија.
Владата, како што оценуваат од партијата на Филипче, нема пари, веќе недостасува 1 милијарда евра, очигледно, велат, сакаат да земат кредит од 6 милијарди евра а за возврат да донесат мигранти.
„Граѓаните се против овие антинационални и андржавни политики на ДПМНЕ и велат Не за мигранти , Не за загрозување на безбедноста на државата“.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)

