Црна хроника
Камион излета од мостот кај Отовица на автопатот Велес Скопје

Камион марка Мерцедес утрово излета од мостот кај Отовица на автопатот Велес-Скопје, во близина на езеро Младост. За среќа возачот на камионот, дваесет иосум-годишниот Ване Трајковски од Скопје, остана жив
Во велешката болница лекарите му ги санирале повредите на главата, рбетот и раката. Но поради недостиг од томографски апарат во болницата, пациентот Ване Трајковски е префрлен во Ургентен центар во Скопје.„Пациентот е донесен во 12.30 часот со сериозни повреди на главата, повреда на кичмата и на обата скочни зглобови. Направена е примарна обработка на повредите, изваден е од шокова состојба и испратен во Ургентен центар во Скопје. Надвор е од животна опасност“, изјави хирургот др. Влатко Вишинов за порталот Лисица.Сообраќајната несреќа се случи околу десет и триесет часот. Жителите на Отовица најпрво слушнале силна експлозија, потоа уште една помала и го виделе камионот превртен на пругата Велес- Кочани, а оградата на мостот скршена. Тие веднаш притрчале во помош и ја повикале Брзата помош и пожарникарите. Возачот го нашле во свесна состојба но едната рака му била заглавена од воланот. Речиси два часа пожарникарите се обидуваа да го извлечат од камионот. Претпоставуваат дека пукнатата предна гума на камионот е причина за излетувањето.„Кога ја слушнав експлозијата излегов надвор и овчарот почна да вика по мене. Помислив дека него нешто му с еслучило но потоа го видов камионот превртен на пругата. Сликата беше страшна, Истрчавме заедно со уште неколку соседи и го видовме возачот кој час беше во свесна состојба, час се губеше. Десната аркада му беше однесена и коската му се гледаше, левата рака му беше заглавена во воланот, но не знаевме дали му се заглавени нозете. Веднаш повикавме брза помош и пожарна“, рече очевидец.Трајковски имал голема среќа, велат мештаните, што камионот паднал на пругата. Ако излетал на само неколку метри подолу на мостот, ќе звршел фатално. Таму провалијата е висока триесетина метри. Пред неколку години ова место било кобно за босански возач на камион.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.