Спорт
Златан-шоу на Сардинија – два гола, неверојатна атракција и Милан на +3
Златан Ибрахимовиќ има 39 години. Тоа е факт што никако не ни оди во глава, откако шведскиот ветеран го одигра својот прв цел меч по повредата и беше првата ѕвезда на Милан при 2:0 победата на гостувањето кај Каљари, покажувајќи колку е бесценет за тимот на Стефано Пиоли во неочекуваната битка за скудетото.
Ибрахимовиќ уште во седмата минута го направи своето, откако беше фаулиран во шестнаесетникот на домаќините, и сигурно го реализираше пеналот. Дека е расположен за игра, покажа во 16-тата минута, кога ја имаше следната неверојатна асистенција, како што само тој умее.
Just Ibrahimovic doing Ibrahimovic stuff at 39 ?pic.twitter.com/tmem7IK3XS
— ????? (@Ahmed94_) January 18, 2021
Ако тоа не беше доволно, во 51. минута, тој ја наттрча одбраната на противникот (да потсетиме – 39 години), и постигна уште еден убав гол за да го осигура триумфот на Милан, кој со победата повторно е на +3 од градскиот ривал Интер по 17 кола во италијанската Серија А. Каљари, пак, има лоша серија од пет порази во низа и е на 17. место со 14 поени, само еден поен од зоната за испаѓање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Роналдо го продаде Крузеиро
Легендарниот бразилски фудбалер Роналдо ја објави продажбата на Крузеиро. Сопственик на клубот во кој ја започна кариерата, Роналдо стана пред две години.
„Мојата мисија е остварена. Целта беше да се обнови Крузеиро, да се врати таму каде што припаѓа и да се предаде на вистинската личност“, рече светскиот шампион од 2002 година на прес-конференција во Бело Хоризонте.
Со него беше и новиот сопственик на клубот, Педро Лоуренсо, милионер кој раководи со еден од главните супермаркети во земјата.
Детали за продажбата не се откриени, но локалните медиуми јавуваат дека новиот сопственик, како и неговиот претходник, ќе има 90 отсто од акциите за сума која се проценува на 600 милиони реали (110 милиони евра).
Во декември 2021 година, Роналдо се здоби со 90 отсто од акциите на Крузеиро, клубот во кој ја започна својата кариера во 1993 година, за сума од околу 400 милиони реали.
Четирикратниот бразилски шампион и двократниот победник на Копа Либертадорес, Крузеиро, во периодот пред Роналдо минуваше низ финансиска, поради што клубот во 2019 година испадна од бразилската Серија А.
Крузеиро веднаш се врати во елитата под водство на Роналдо, кој го преполови долгот на клубот, моментално седми во бразилското првенство.
Поранешниот играч на ПСВ, Интер, Барселона и Реал Мадрид сепак беше мета на критики минатата година за резултатите кои се сметаа за разочарувачки бидејќи Крузеиро ја заврши сезоната на 14. место.
„Крузеиро беше на интензивна нега и сега удобно одмара во болнички кревет“, рече Роналдо и му го предаде клубот на Лоуренсо.
Инаку, според најавите Роналдо се подготтвува да го продаде и втроиот тим, кој се наоѓа во неговат сопственост. Станува збор за шпанскитиот вторлигаш, Ваљадолид.
Спорт
Браќата го гледаа Никола Јокиќ изолирани од другите навивачи
Никола Јокиќ и Денвер успеаја да се пласираат во конференциското полуфинале, откако во пет натпревари го елиминираа ЛА Лејкерс.
Петтиот натпревар од серијата избраниците на Мајк Мелоун победија со 108:106 со кошот на Џамал Мареј, а Јокиќ беше на прагот на трипл-дабл 25 поени, 20 скокови, девет асистенции).
Во „Бол арена“, во Денвер, изолирани од останатите навивачи на трибините, натпреварот го следеа браќата на Никола Јокиќ.
Минатата недела, во натпреварот број 2, постариот брат Страхиња удри навивач на трибините.
Браќата на Јокиќ добија места во најгорните редови, изолирани од навивачите и со празни седишта околу нив, што беше начин на Денвер да спречи нов потенцијален инцидент.
Да потсетиме, поради целата ситуација од претходниот меч во „Бол арена“, НБА одлучи да покрене истрага, а локалната полиција се обиде да го пронајде човекот кој го удри Страхиња.
— OvoOno (@OvoOnoX) April 30, 2024
Спорт
Тајсон по 19 години ќе боксува во профи меч
Бокс-мечот меѓу поранешниот светски шампион Мајк Тајсон и јутјуберот Џејк Пол доби статус на професионална борба. Мечот ќе се одржи на 20 јули на стадионот на Далас Каубојс, во Тексас.
Ова значи дека резултатот од борбата ќе влезе во официјалниот настап на двајцата боксери.
Што се однесува до другите детали од борбата, најважно за љубителите на боксот е тоа што се дозволени нокаути.
Исто така, боксерите ќе користат ракавици од 14 унци, кои се користат во категориите од 68 до 79 килограми.
Борбата ќе има најмногу осум рунди во времетраење од по две минути.
Овие правила фрлаат сомнеж за доделениот статус на професионална борба бидејќи не се елементи на традиционалниот професионален бокс.
Тајсон има 57 години и мораше да добие специјална медицинска дозвола за да се бори.
Во кариерата имаше 58 борби во кои забележа 50 победи, од кои 44 со нокаут.
Сепак, неговата последна професионална борба беше пред речиси 7.000 дена.
Од друга страна, Пол има 27 години и десет борби во кои забележа девет победи, шест со нокаут.
Последната професионална борба ја имаше пред 58 дена.