Македонија
Заев: Од функционерите прв треба да се вакцинира Филипче, па по него – јас
Премиерот Зоран Заев најави дека ќе ја прими вакцината за заштита од Ковид-19 веднаш по министерот за здравство, Венко Филипче, за кој, како лекар, смета дека треба да биде првиот функционер што ќе се вакцинира.
Одговарајќи на новинарско прашање кој од функционерите прв ќе ја прими вакцината, тој рече дека со личен пример ќе им покаже на граѓаните дека треба да ја примат вакцината.
„Првин треба да се вакцинира здравствената Комисија, нашите херои лекари, медицинските сестри, здравствениот персонал, потоа хронично болните, повозрасните, па семејствата што изгубиле член од семејството. Веројатно прв треба да биде министерот Филипче, а јас ќе бидам веднаш по министерот за вакцинирање откако ќе поминат на ред оние што имаат приоритет. Јас сум еднаков со другите и ќе дадам личен пример за граѓаните што побргу сите да се вакцинираме. Јас, моето семејство и роднините ќе се вакцинираме“, рече премиерот Заев.
Тој очекува враќање на животот во нормала кога ќе бидат вакцинирани 60-70 отсто од населението.
Според досегашните најави, првите 5.850 вакцини од „Фајзер“ треба да стигнат во февруари. Тие се дел од договорот за набавка на 800.000 дози од оваа вакцина преку Ковакс-системот, доволни за вакцинирање 400.000 граѓани. Од истата вакцина на „Фајзер“ 8.000 дози пред два дена најави дека за нашите граѓани ќе одвои и Србија. Министерот Филипче ги договара деталите, како и начинот и времето кога ќе бидат испорачани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со повремен слаб дожд
Променливо облачно време, претпладне со повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.
Во Скопје променливо облачно, претпладне во делови од котлината со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Во следните денови времето ќе биде стабилно и релативно топло, освен во петок кога ќе има услови за повремен локален дожд и појава на ретки грмежи.
Скопје
Без вода дел од Центар
ЈП Водовод и канализација – Скопје извести дека денеска без вода ќе биде дел од Центар.
• Поради дефект на улична цевка ф 80мм на улица Народен Фронт бр 17 без вода ќе останат корисниците на дел од улицата Народен Фронт и дел од улицата Васил Ѓоргов во општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување на интервенцијата.
• Поради водоводен приклучок од 3/4 на улицата Славе Георгиевски-Шнајдерот бр 6 без вода ќе останат корисниците од улицата Ленинградска во општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување на интервенцијата.
Македонија
Без струја неколку општини во Скопје
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, известува дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа денеска, без напојување со електрична енергија ќе останат:
Во период од 08:30 до 14:30 часот дел од ул. Хо-Ши Мин, ул. Марјан Лазевски, ул Софре Марковски, дел од. ул. Натанаил Кучевишки . (Општина Бутел)
Во период од 09:00 до 11:00 часот дел од с.Долно Соње (м.б.Азмак) (Општина Сопиште)
Во период од 08:30 до 12:00 часот дел од корисниците на ул.Лука Геров, Арск Мицков, Пекљане, Тиранска, Антон Чехов, Пелинце (Општина Ѓорче Петров)
Во период од 08:10 до 11:10 часот ул. Рокомија, ул. Ферид Бајрам, ул. Александар Турунџов, дел од бул Христијан Тодоровски Карпош објектите наспорти новата зграда на ЗСФ (Општина Бутел)
Во период од 08:00 до 11:00 часот дел од с.Љубош (ул.1 и околни) (Општина Студеничани)
Во период од 08:00 до 12:00 часот корисниците од с.Кучково (Општина Ѓорче Петров).