Црна хроника
Незадоволни граѓани од поделбата на хуманитанрата помош го попречиле патот на камионот со помош

Група граѓани од поплавените подрачја во четвртокот му го попречиле патот на камионот со хуманитарна помош незадоволни од поделбата на помошта.
Инцидентот го пријавила вработена во Црвен крст, а според нејзината пријава група граѓани му го попречиле патот на моторно возило во сопственост на општина Гази Баба, кое разнесувало хуманитарна помош во селото Стајковци. На местото на инцидентот, полицајците затекнале група од околу 20 лица (мажи и жени) на различна возраст, кои рекле дека камионот си заминал пред нивното доаѓање и дека немало никаков проблем, но сите изразиле незадоволство од нерационалната поделба на хуманитарната помош.Инаку во четвртокот на подрачјето на СВР Скопје евидентирани се 18 пријави од граѓани кои пријавиле поплавени домови, возила, ниви и друг имот, како и штети предизвикани од невремето./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.