Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Првиот ден од второто полугодие со стари проблеми
Денес, на првиот наставен ден од второто полугодие јасно е дека сѐ останува по старо. Учениците, професорите и родителите повторно ќе се соочуваат со истите проблеми, ќе се жалат меѓу себе, ќе си бараат помош, ќе се мачат, а времето ќе врви како и во претходното полугодие, обвини Комисијата на образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.
„Наставниците повторно ќе се снаоѓаат со сопствени лаптопи, со прекините на интернетот, со притисокот да пишуваат оценки, директорите со пишување нереални извештаи за текот на наставата, а и за заразените од Ковид-19, родителите со сѐ ова и со трошење огромен дел од своето време за напредок на сопственото дете.
Учебници нема да има ниту во второто полугодие, особено за средните стручни училишта. Националната платформа за далечинско учење воопшто не профункционира, а наставниците повторно нема да добијат навремена професионална обука. Над 10.000 ученици повторно ќе следат опционална настава, односно настава на телевизија и со печатени материјали и притоа за нивниот напредок не е можна реална контрола на постигнувањата.
Министерката Мила Царовска, наместо да направи анализа на проблемите и евалуација на постигнувањата, цел распуст се занимава со нешто наречено концепција за реформа на образованието, критикувана и отфрлена од сите релевантни институции.
Додека министерката се занимава и на мускули ја турка концепцијата, наставниците и децата остануваат да се снаоѓаат како умеат и знаат, а таа продолжува да се фали со 90 % успешна онлајн-настава.
Жално и срамно! Не ви веруваме! Кому му се потребни лаги и невистини? Потребно е децата успешно да ја завршат годината!“, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски: Поучени од христијанските начела, да си ја сакаме државата, ближниот и да направиме се утре да биде подобро од денес
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од негово лично име и од име на партијата упати честитка до сите верници по повод големиот христијански празник, Христово Воскресение – Велигден.
-Христовото Воскресение му покажа на човекот колку Бог го сака, и дека беше спремен да биде распнат за спасението на човештвото. Љубовта на Бога кон човека е неизмерна, се наведува во честитката.
Воскресението, се наведува понатаму, е потврда дека надежта секогаш ќе победи, човековата волја, љубов и верба можат да придонесат за поубав свет.
-Поучени од христијанските начела, да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, да направиме се утре да биде подобро од денес. Промените кои доаѓаат да ги запечатиме со силна победа, за догодина да славиме Велигден со многу поголеми насмевки на задоволство како нација. Христос Воскресе! За многу години Велигден!, стои во честитката од претсдеателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Македонија
Ковачевски за Велигден: Добрината и мудроста да бидат нашиот патоказ, храбрите одлуки секогаш носат успех
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитика до православните верници.
„Честит и вековит нека ни е денешниот најголем христијански празник Воскресение Христово – Велигден. На сите кои го празнуваат денешниот празник им посакувам здравје, радост и благосостојба во домовите. Повикувам на хармонија и на обединетост во нашето општество. На овој најголем празник, да имаме мир и спокој во душите, а добрината и мудроста да бидат нашиот патоказ кон добри дела и иднина.
Денешниот празник ја симболизира победата на животот над смртта, тоа е силна порака дека храбрите одлуки секогаш носат успех, особено кога се работи за заедничкото добро.
Овие големи празници носат голема духовна сила, да ги празнуваме секогаш заедно, во радост и спокој. Христос Воскресе!“, порача во честитиката претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
Македонија
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.
Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп – Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект “Санација на трупот на патот кај мост на река Шемница на Државен пат Р1101 км 85+903, делница Прилеп – Битола”, и тоа од 27.03.2024 ќе има целосно затворање на делницата.
На 26.03.2024 година од 14.15 часот извршена е времена измена на режимот на сообраќајот на делницата од автопатот 300м после надвозник „Маџари“ до клучка „Белви“ за време на поправка и рехабилитација на државен пат А1/А2 делница Скопје-Куманово (десна коловозна лента) каде што со ветикална сообраќајна сигнализација во должина од 200м сообраќајот се канализира и успорува од левата (за претекнување) сообраќајна лента во средната (за возење) сообраќајна лента за да потоа во должина од 1500м целиот сообраќај ќе се одвива по сообраќајната лента за претекнување (левата), а средната и сообраќајната лента за принудно запирање ќе бидат затворени за сообраќај.
Од 18.03.2024 г. има измена на режимот на сообраќај на државниот пат Р1101, делница Прилеп – Битола, заради интезивирање на градежните активности во врска со проект Санација на патот, кај мост на река Шемница.