Спорт
Барса утна два пенали, ќе мора на продолженија со третолигашот Корнелја

Тоа што требаше да биде дуел на два различни каталонски клуба по големина, огромната Барселона и третолигашот Корнелја, на крајот стана неверојатен меч во кој прволигашот утна два пенали во регуларните 90 минути од 1/16 финалето на Копа дел реј и сега мора да игра продолженија за да избегне слична судбина како Реал, кои вчера испаднаа од Алкојано.
Прво во 39. минута, обидот од бела точка на Миралем Пјаниќ заврши во рацете на 21-годишниот голман на малиот каталонски клуб (кој игра на вештачка трева), Рамон Хуан Рамирез, за потоа во 79. минута, шанса за пласман да пропушти Усман Дембеле, кој имаше неверојатно лош обид во средината на голот за лесен плен за Хуан.
Ramon Juan Ramirez (Cornella) penalty save against Barcelona 80'pic.twitter.com/cx1cwQ0OcB
— noobfcb (@noob_fcb) January 21, 2021
Cornella vs Barcelona Second penalty miss Dembele pic.twitter.com/eEcG80fJss
— mignola arbeloa (@mignolaalvedon) January 21, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Олимпијакос ја освои титулата во Грција

Кошаркарите на Олимпијакос го победија Панатинаикос во финалето на грчката лига и ја освоија шампионската титула.
Невидени тензии владееја во Грција за време на финалната серија помеѓу Олимпијакос и Панатинаикос, буквално беше борба на „живот и смрт“.
Дури и сопствениците на двата тима беа вмешани во сè, а Владата на Грција речиси ја прекина финалната серија, што никогаш не се случило во историјата на грчкиот спорт.
Олимпијакос го победи Панатинаикос со 85:71 во салата „Мир и пријателството“ и ја освои шампионската титула.
Ова беше четвртиот натпревар во финалната серија, а Олимпијакос победи со 3-1, завршувајќи го најдраматичното финале во грчката историја со шампионска прослава.
Шакил Мекисик беше најефикасен со 20 поени, додека Тајлер Дорси имаше 17, Еван Фурние го заврши натпреварот со 13 поени, 6 скока и 4 асистенции, Алек Питерс имаше 11, а исто така и Никола Милутинов со 10 скока, додека Саша Везенков имаше само 2 поени, кој го повреди глуждот и беше изнесен од теренот.
Во редовите на Панатинаикос, Кендрик Нан постигна 18 поени, додека Костас Слукас постигна 11 со 2 скока и 7 асистенции, Грант додаде 10, а Хуанчо Ернангомез имаше 9 со 9 скока.
Спорт
(Видео) Мората трагичар, Португалија ја освои Лигата на нации

Португалската фудбалска репрезентација ја освои Лигата на нации за оваа година по подоброто изведување на пенали во финалето против Шпанија.
Ова е втор пат Португалците да го освојат ова натпреварување, тие беа победници на првото, а сега станаа првата репрезентација што го освоила купот двапати.
Натпреварот во регуларниот дел и по дополнителните 30 минути заврши 2:2, а Португалците пенал серијата ја добија со 5:3.
Шпанците два пати имаа предност, со головите на играчите на Реал Сосиедад, Мартин Зубименди и Микел Ојарзабал, Португалците се враќаа во натпреварот преку Нуно Мендеш и Кристијано Роналдо.
Трагичар во пенал серијата беше Алваро Мората, чии удар во четвртата серија го одбрани Диого Кошта.
За најдобар играч на завршниот турнир е прогласен левиот бек на Португалија, кој на 31.мај со ПСЖ ја освои Лигата на шампионите, Нуно Мендеш.
Спорт
Спектакл во Париз – Алкараз се врати од 0:2 спаси три меч топки и го победи Синер

Шпанецот Карлос Алкарас, во спектакуларно финале, едно од најдобрите во историјата на тенисот, успеа да ја одбрани титулата на Ролан Гарос. Алкараз, против првиот светски рекет, Јаник Синер, се врати по негативата од два сета, во четвртиот спаси три меч топки и славше победа 4:6, 6:7, 6:4, 7:6, 7:6.
Епското финале на стадионот „Филип Шатрие“ траеше пет часа и 31 минута. Пресвртна точка во мечот беше 10.гем во четвртиот сет. Синер, кој претходни ги доби првите два сета, па Алкараз намали на 2.1, имаше три меч топки, но Алкараз волшебно се извлече, нарави брејк, а потоа во тај-брејкот изедначи на 2:2.
Во решавачкиот сет, се случи брејк на Алкараз на стартот, потоа Шпанецот во 10.гем сервираше за победа, но Синер се врати избори супер тај-брејк, во кој беше прегазен од Шпанецот со 1:0.
Алкараз и Синер прв пат играа еден против друг во Гренд слем финале. Мечот во Париз беше 12, Алкараз сега води со 8:4. Шпанецот ги доби последните пет дуели.