Свет
Бајден бара петгодишно продолжување на договорот за контрола на нуклеарното оружје со Русија

Претседателот на САД, Џо Бајден, ќе побара петгодишно продолжување на договорот за контрола на нуклеарното оружје „Нов СТАРТ“ со Русија, потврди Белата куќа.
„На претседателот му беше одамна јасно дека новиот договор СТАРТ е во интерес на националната безбедност на САД. И ова продолжување има уште поголема смисла кога односите со Русија се ривалски како што се во моментот“, рече портпаролот на Белата куќа, Џен Псаки, на брифингот.
Таа исто така рече дека Бајден ѝ дал задачата на американската разузнавачка служба за целосна процена за хакирањето на Solar Winds, за мешањето на Русија во изборите во 2020 година, руската употреба на хемиско оружје против опозицискиот лидер Алексеј Навални и наводното плаќање на нападите врз американските трупи во Авганистан.
„Дури и кога работиме со Русија за унапредување на американските интереси, во исто време работиме на тоа да ја повикаме Русија на одговорност за нејзините непромислени и контрадикторни постапки“, рече Псаки.
Договорот за контрола на оружјето, кој треба да истече на 5 февруари, ги ограничува САД и Русија да поседуваат максимум 1.550 распоредени стратешки бојни глави. Исто така, се ограничува поседувањето распоредени ракети и авиони што може да ги носат. Доколку договорот не биде продолжен, сите ограничувања за распоредување американски и руски стратешки нуклеарни бојни глави и системите што ги носат, ќе престанат, што потенцијално ќе предизвика нова трка со вооружување, предупредуваат експертите за политика.
Кремљ во средата рече дека останува наклонет да го продолжи билатералниот договор и ќе ги поздрави напорите за постигнување договор што го вети администрацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.
Свет
Поради гладување 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција во Газа

Секој трет жител на Појасот Газа со денови не добива храна, предупреди Светската програма за храна (WFP) на Обединетите нации. Во последното соопштение се наведува дека 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција поради тешка неухранетост.
Според Министерството за здравство во Газа, само вчера починале уште девет лица од глад, со што бројот на жртви од неухранетост од почетокот на конфликтот достигна 122.
Израел, кој го контролира влезот на сите залихи во Газа, повторува дека не постои блокада и ја обвинува Хамас за лошата распределба на ресурсите.
Меѓународната заедница, вклучувајќи ги Германија, Франција и Велика Британија, побара итно олеснување на влезот на помошта, а генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш остро ја осуди „рамнодушноста и недостигот на човечност“ во глобалниот одговор на кризата.