Македонија
Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 34 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 34 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 286 лица сомнителни и потврдени на Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие на интерните клиники имало 11 приеми.
Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 15 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 10 во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 35 оздравени пациенти.
Во моментот на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија – 22 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 17 пациенти со симтоми на коронавирусот, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментот се сместени 18 пациенти. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 16 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 95 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 78 пациенти, а на Иститутот за белодробни заболувања кај децата во Козле има 19 пациенти. Вкупно 286 пациенти потврдени и сомнителни на Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите е на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминатите денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 119 слободни места, а се очекува во тек на денот, по направените исписи на оздравените пациенти, да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и може да згрижат пациенти што имат потреба од кислородна поддршка, соопшти Министерството за здравство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„СДС и Филипче повторно тргуваат со националните интереси, ново пазарење со Бугарија по моделот на францускиот предлог“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и Филипче пак се пазарат со Бугарија, еднаш веќе подметнаа француски предлог, сега повторно се пазарат на штета на македонските интереси. СДС и Филипче повторно виткаат кичма пред Бугарија, и испраќаат сигнали до Софија дека се спремни да направат се, само да дојдат до власт и Филипче да си ја задржи фотелјата на Бихачка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС и Филипче овој пат како параван за предавството, ја користат резолуцијата со „црвени линии“ на штета на македонските државни интереси.
Резолуцијата со црвени линии на СДС и Филипче не е патриотски чин за Македонија таа е маска позади која се преговара, пазари и дополнително се потчинува и понижува Македонија.
Филипче да каже на јавноста што договорил во четири очи со Бугарија?
Филипче да одговори на јавноста што ветил на Софија, за што се испазарил и која е цената што Македонија ќе ја плати?
Филипче да каже дали по стапките на неговиот ментор Заев сега тој ја превзема улогата да ја заврши работата што ја започнаа Бујар Османи и Заев за да ги распродаваат државните интереси?
Народот памети и нема да дозволи да биде изигран. Народот ги препознава игрите на СДС и Филипче за потчинување на Македонија и македонските позиции. Токму затоа СДС и Филипче на овие избори ќе доживеат огромен пораз.
Доколку Филипче е искрен во намерите тогаш би ги поддржал позициите на Владата а не да се пазари и да се обидува политички да профитира на штета на националните интереси.
ВМРО-ДПМНЕ останува да ги штити македонските национални интереси. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи Македонија да биде понижена и уценувана. Време е да се направи Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Забрана за камиони на регионалниот пат Дебар – Маврово

Од 06:50 часот поради врнежи од снег, воведена е забрана за сообраќај на товарни моторни возила на регионалниот пат Дебар – Маврово, извести АМСМ.
Од 06:45 часот сообраќајот на патниот правец село Живалево – село Туралево е нормализиран.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Живалево – Туралево

Од 06:45 часот сообраќајот на патниот правец село Живалево – село Туралево е нормализиран, извести АМСМ.
Од 05:00 часот, поради одрон, сообраќајот на тој патен правец беше во прекин и се одвиваше наизменично, по една коловозна лента.