Црна хроника
Шест лица повредени во верижниот судир во „Аеродром“

Во верижната сообраќајна несреќа што се случи синоќа во скопската населба „Аеродром“ шест лица се повредени, меѓу кои едно е во животна опасност, соопшти МВР
Судирот се случи во средата по 21 часот на раскрсницата од булеварите Србија, АСНОМ и АВНОЈ. „Мерцедес“ управуван од дваесетгодишно момче се судрил со уште пет возила „шевролет спарк“, „киа спортаж“, „форд транзит“, „цитроен ц3“ и „хјундаи гец“.Во несреќата со тешки повреди се здобил возачот на „шевролетот“ кој е пренесен на Клиниката за реанимација и интензивно лекување и се наоѓа во животна опасност. Во Градската болница е задржан на лекување сопатник во „мерцедесот“.Возачот на „мерцедесот“ и друг сопатник исто така биле пренесени во Ургентниот центар, но по укажаната помош се пуштени на домашно лекување. Деветгодишно момче и уште еден патник од „хјундаито“, по укажаната лекарска помош во Градска болница исто така се пуштени дома.Од полицијата велат дека увидот е завршен и причините за сообраќајката ќе се утврдуваат, но најверојатна причина за сообраќајката е неприлагодената брзина со која се движел „мерцедесот“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Четирицикл се преврте во Тетовско: две лица повредени

Вчера во 17:30 часот во СВР Тетово било пријавено дека во с. Синичане, општина Боговиње, четирицикл со кумановски регистарски ознаки, управуван од П.К.(31) од Тетово, се превртел на патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Н.С.(26) од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Тетово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.
Црна хроника
Се судрија трактори во Скопско: пет лица повредени

На 31.08.2025 во 08:14 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Булачани– с.Црешево, скопско, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале трактор „имт“, управуван од В.Р.(35) и трактор „имт“, управуван од М.Р.(31), двајцата од с.Љуботен, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Е.С.(46) од истото село, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште двајца малолетни сопатници, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Со закани за животот, изнудил над 300.000 денари

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ф.Ј.(28) од Штип.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „изнуда“.
Во период од октомври 2024 до 20.06.2025, пријавениот со закани по живот, во неколку наврати изнудил пари од оштетениот, нанесувајќи му вкупна штета од 356.000 денари.