Свет
ФСБ осуети терористички напад во рускиот регион Башкортостан

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) спречи терористички напад врз полицајци во регионот Башкортостан и приведе руски државјанин што го подготвувал нападот, се вели во извештајот на ФСБ, пренесува ТАСС.
„Федералната служба за безбедност спречи терористички напад во Република Башкортостан. Акцијата на ФСБ резултира со притвор на руски државјанин, роден 1995 година, кој подготвувал напади врз полициските службеници“, се вели во соопштението.
ФСБ не го објавуви идентитетот на уапсениот повикувајќи се на нејзината тековна истрага. Според ФСБ, во неговото тајно складиште биле запленети огнено оружје, муниција и делови од импровизирана експлозивна направа.
На неговите уреди за комуникација се пронајдени прирачници за правење бомби и преписка со припадници на меѓународната терористичка организација Хајат Тахрир ал-Шам, забранета во Русија, што ги докажува неговите криминални намери.
ФСБ објави и видеоснимка на која се гледа осомничениот терорист.
„Тука имав намера да набавам оружје и рачно изработена експлозивна направа за да разнесем луѓе“, вели тој во одговор на прашањето на истражителот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Се урна станбен блок во Индија

Четири лица загинаа, а уште 10 се водат за исчезнати откако денеска се урна повеќекатен станбен блок во близина на Њу Делхи, јавија индиските медиуми повикувајќи се на полицијата.
Според извештаите, спасени се 14 лица. Блокот се урнал во Мустафабад во североисточниот дел на државата Делхи. Ограничените услови ја попречуваат спасувачката работа, изјави портпаролот на Националните сили за одговор при катастрофи.
Причината за уривањето се уште не е позната. Локалните медиуми јавуваат дека неодамна биле извршени градежни работи во приземјето на зградата.
Главниот министер на Делхи, Река Гупта нареди истрага за инцидентот.
Свет
Во сообраќајка загина поранешен хрватски фудбалски репрезентативец и играч на фудбалскиот клуб Динамо

Во тешка сообраќајна несреќа, што се случи во Карловац, загинаа 2 лица, меѓу кои и поранешниот хрватски фудбалски репрезентативец и играч на фудбалскиот клуб Динамо, Никола Покривач, јавуваат хрватските медиуми.
Полицијата во краткото соопштение наведува дека несреќата се случила на обиколницата Турањ и дека во неа учествувале 4 патнички возила.
Три лица се пренесени на лекување во медицинска установа.
Свет
Русија и Украина денеска треба да разменат затвореници

Русија и Украина денеска треба да разменат затвореници, а посредник во договорот повторно се Обединетите Арапски Емирати, соопштил извор запознаен со преговорите.
Ќе бидат разменети вкупно 492 војници – 246 од двете страни, како и уште 46 ранети украински војници.
За време на војната Русија и Украина со посредство на ОАЕ веќе разменија вкупно 3.233 воени заробеници