Свет
Израел прв во светот според брзината на вакцинирање против Ковид-19
Израел досега против Ковид-19 вакцинира убедливо најголем процент од својата популација меѓу сите земји во светот, а рекордни 224.000 луѓе се вакцинирани за само еден ден, напиша министерот за здравство, Јули Еделштајн, на „Твитер“.
Вкупниот број луѓе што ја примиле првата доза на вакцината е 2,4 милиона, а 850.000 ги примиле двете дози.
Израел ја почна својата кампања за вакцинација на 19 декември и напредуваше со невидено темпо. За споредба, во Германија – земја со девет пати поголема популација – 1,3 милион луѓе ја примија првата доза на вакцината, а само 78.000 ја примија втората потребна за целосна имунизација.
Израелската влада рано нарача доволен број дози вакцина и склучи договор со производителот на вакцини „Фајзер“ за давање медицински податоци за возврат.
Експертите исто така веруваат дека за успехот на кампањата за вакцинирање придонесува силниот и високодигитализиран јавен здравствен систем.
Според интернет-страница Our world in data, Израел, кој вакцинирал 38 проценти од своето население со најмалку една доза, го следат Обединетите Арапски Емирати со 22,7 процента, Бахреин со 8,5 проценти, Велика Британија со 8 проценти и САД со 5,3 проценти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Вооружени лица киднапираа повеќе од 300 ученици и 12 наставници од католичко училиште во Нигерија
Бројот на киднапираните ученици и наставници од католичкиот интернат „Света Марија“ во сојузната држава Нигер во Нигерија порасна на повеќе од 300 ученици и 12 наставници, соопшти Христијанската организација на Нигерија (ЦАН), пренесе АП.
Според соопштението на претседателот на огранокот на ЦАН во државата Нигер, Булус Даува Јохана, бројките се ажурирани по конечната проверка на евиденцијата. Претходно беше објавено дека се киднапирани 215 ученици и 12 наставници.
Интернатот, кој го посетуваат деца од 7 до 17 години, се наоѓа близу главниот пат меѓу Јелва и Моква. ЦАН соопшти дека училиштето повторно почнало со работа без известување на надлежните, со што ги изложило учениците и персоналот на ризик.
Католичката бискупија Контогора информираше дека еден службеник за обезбедување бил тешко ранет во нападот.
Регион
Фатална грешка направиле млади луѓе во опожарената „Вјесник“: „Не викај пожарникари, ќе дојде и полицијата“
Пожарот што го зафати облакодерот на Вјесник, Загреб, и го претвори во огнена стихија наводно е последица на невнимателно однесување на група тинејџери кои се занимаваат со таканаречен „урбекс“ – истражување напуштени објекти за објави на социјалните мрежи. Според неофицијални информации, реконструирани се настаните што му претходеле на пожарот, а во нив биле вклучени четворица малолетници и двајца 18-годишници.
Влегување во зградата низ прозорец
Групата, составена претежно од малолетници, во понеделник попладне влегла во облакодерот на Вјесник така што се протнала низ скршен прозорец од страната која гледа кон улицата Одранска. Во зградата поминале неколку часа, разгледувајќи 15 ката, напуштени канцеларии и палeјќи и гасејќи светла. Нашле фрижидер со алкохол, а за време на престојот пушеле и ги гаселе опушоците. Истовремено снимале фотографии за објави на социјалните мрежи, пишува „Индекс“.
Цел им било да стигнат до кровната тераса за да направат атрактивни снимки од градот, но на 15. кат наишле на метални плочи што не успеале да ги поместат. Тогаш еден од малолетниците го повикал 18-годишник познат по „Јутуб“ содржини од напуштени објекти.
Повикале двајца полнолетни
Повиканиот млад човек пристигнал околу 21:50 часот во придружба на уште еден 18-годишник. Ја прескокнале оградата и се искачиле до 15. кат, каде се придружиле на групата, но ни тие не успеале да ја отстранат пречката. Во меѓувреме двајца малолетници од првичната група ја напуштиле зградата и заминале дома.
Според сомнежите на истражителите, по неуспешниот обид да се искачат на кровот, еден од 18-годишниците запалил фрлена кутија со документи. Другиот наводно му помогнал така што смачкал хартија, ја запалил и ја фрлил во кутијата. Пожарот многу брзо се проширил, поради што една малолетна девојка побегнала. Еден малолетник се обидувал да ја изгаси огнот и ги убедувал постарите да ги повикаат пожарникарите.
Наводно, тие му одговориле дека заедно со пожарникарите би дошла и полицијата, па сите тројца решиле да ја напуштат зградата. Облакодерот останал во пламен, а двајцата 18-годишници од синоќа се во истражен притвор.
Свет
Орбан: Европа е на историска крстосница
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека војната меѓу Русија и Украина ја довела Европа до историска крстосница и додаде дека американскиот претседател Доналд Трамп не се откажал од намерата да донесе мир во Украина, пренесе агенцијата Анадолија.
Орбан порача дека Европа има две опции: да се обедини зад мировната иницијатива на Трамп или да продолжи по пат кој, според него, води право во војна. Тој оцени дека европските лидери кои заговараат војна трошеле пари на Европјаните на војна што не може да се добие.
Орбан предупреди дека испраќањето пари и оружје на Украина без поддршка од САД би отворило пат за европско-руски судир. Додаде дека Унгарија го избира патот на мирот и дека во тој дух испратил писмо до претседателката на Европската комисија.

