Свет
Египет спречи обид за продажба на античка статуа
Египетските безбедносни сили во средата успешно спречиле обид за продажба на огромна античка статуа, која била ископана во египетската провинција Шаркија, а потоа пренесена во североисточниот регион Исмаилија, пренесува „Мидл Ист монитор“.
Локалните полицајци во полициската станица во Абу Соер, во Исмаилија, изјавија за „Сада Ел-Балад“ дека обвинетиот комуницирал со некого во обид да ја забрза продажбата на статуата откако ја криел подолго време.
„По обемни истраги, откриено е дека статуата е ископана од археолошка локација во Шаркија пред повеќе години, пренесена во Исмаилија и закопана во земјоделска област“, раскажуваат полицајците.
Тие истакнале дека статуата тежи 700 тони додавајќи дека станицата го известила јавниот обвинител на земјата да ја преземе истрагата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

