Свет
Иран се пофали со рекорден извоз на нафта и покрај санкциите на САД
Иран забележа рекордно високо ниво во извозот на нафта и покрај санкциите на САД кон неговиот енергетски сектор, рече во петокот министерот за нафта на Исламската република, а пренесе „Спутник“.
„Нашите непријатели сакаа да ја сведат на нула продажбата на нафта, но нашите несебични партнери ни дозволија да ги надминеме рекордните количества извезена нафта за време на периодот на санкции“, рече Бијан Зангенех за официјалната новинска агенција „Шана“.
Зангане во декември рече дека Иран планира во 2021 година да испумпува 4,5 милиони барели нафта и гасен кондензат на ден и да го зголеми извозот на нафта на 2,3 милиона барели дневно.
Извозот на иранска нафта падна откако претседателот Доналд Трамп ги повлече САД од нуклеарниот договор со Техеран во 2018 година и ги заостри економските санкции за Иран. Исламската Република се надева дека Џо Бајден ќе ги ублажи санкциите кога САД повторно ќе му се приклучат на договорот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

