Регион
За Русија, протерувањето на дипломатот од Албанија е провокација

Руското Министерство за надворешни работи реагира по одлуката на Албанија да го протера рускиот дипломат Алексеј Кривошев поради непочитување на мерките против коронавирусот.
Министерството наведува дека таквиот потег нема да остане без одговор.
Во изјава за „РИА новости“, рускиот заменик-министер за надворешни работи, Александар Грушко, одлуката на албанските власти ја нарече провокација.
„Ова е јасна провокација насочена кон влошување на руско-албанските односи и секако таквиот потег, кој не е пријателски, нема да остане без одговор“, рече Грушко.
Албанија го прогласи рускиот дипломат Алексеј Кривошев за персона нон грата во четвртокот и му нареди да ја напушти земјата во рок од 72 часа по поднесувањето на официјалното известување.
Одлуката на владата на Албанија се однесува на фактот дека рускиот дипломат во неколку наврати не ги почитуваше мерките воведени од властите за да се заштитат од Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Силен земјотрес во близина на Крит: ги вознемири жителите на островот

Силен земјотрес денес го погоди подрачјето во близина на брегот на Крит.
Епицентарот на земјотресот се наоѓа 31 километар источно-североисточно од Закрос на овој остров, објавува грчкиот „Прототема“.
Земјотресот се случил во 20:46 часот по грчко време, а сеизмичкиот потрес имал јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, според Геодинамичкиот институт.
Длабочината на која се наоѓал епицентарот на земјотресот била 7,8 километри, објавуваат медиумите.
Регион
(Видео) Невреме во Србија: превртен камион, откорнати дрвја, поплавени улици

Силно невреме, проследено со јак ветер и дожд, денес зафати делови од Србија.
Само во Белград, ветерот собори дрвја и гранки на повеќе од 50 локации.
На социјалните мрежи беа објавени бројни видеа од паднати дрвја и скршени гранки.
Силниот ветер што дуваше во Нови Сад собори дрво.
Силен ветер дуваше и во Белград, а повремено имаше врнежи проследени со грмотевици.
Силна бура го погоди и Зрењанин.
Ветрот кршеше гранки од дрвјата, а поради дождот, водата остана на патиштата.
Налети на ветер превртеа камион кај Зрењанин, според написите во медиумите од регионот.
Регион
(Видео) Големо невреме во Загреб, ветерот крши ролетни, урива дрвја

Голема промена на времето пристигна во Хрватска. Бура го погоди Загреб околу 10 часот наутро. Како што известуваат хрватските медиуми, ветерот дува силно и ги кине ролетните на куќите. Грми, врне и дува силно во целиот град.
Портокалова тревога е во сила за регионите Славонија, Истра, Кварнер и во Далмација, а жолта тревога е во сила за остатокот од Хрватска.
Температурите во делови од земјата ќе паднат за повеќе од 10 степени во споредба со вчера.