Спорт
Нова трагедија во Бразил – претседателот и четворица фудбалери на Палмас загинаа во авионска несреќа

Нешто повеќе од четири години од авионската несреќа и фудбалската трагедија на Шапекоенсе, од Бразил повторно доаѓаат вознемирувачки вести. „Си-Ен-Ен Бразил“ и други локални медиуми објавија дека претседателот на четвртолигашот Палмас и четири фудбалери загинаа во авионска несреќа.
„Палмас ФР потврдува дека во 8.15 часот наутро на 24 септември имаше авионска несреќа во која беше претседателот на клубот Лукас Меира во летот за Гојана а мечот помеѓу Вила Нова на 25 февруари. Авионот во кој беше и пилотот Вагнер и фудбалерите Лукас Прашедес, Гијерме Ное, Рануле и Маркус Молинари се сруши при полетувањето на аеродромот Токантинс. Нема преживеани. Клубот бара молитви за семејствата на починатите“, се вели во објавата на клубот.
A família Palmas FR está de luto pela perda inestimável do presidente Lucas Meira, dos atletas Guilherme Noé, Lucas Praxedes , Marcus Molinares Reis, Ranule Gomes e do comandante Wagner. Agradecemos as manifestações de apoio e carinho nesse momento de dor. pic.twitter.com/Lnakg8OC41
— Palmas Futebol (@PalmasFutebol) January 24, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Аткисон тренер на сезоната во НБА лигата

Тренерот на Кливленд, Кени Аткинсон ја доби наградата за најдобар тренер на сезоната во НБА.
Во својата прва сезона во Кливленд, а во својата петта сезона во НБА, Аткинсон за прв пат стана освојувач на трофејот „Ред Оербах“. Тој ја освои наградата со 401 поен.
Второто место го освои Џеј-Би Бикерстаф од Детроит со 305 поени, а третото место го освои Име Удока од Хјустон со 113 поени.
Аткинсон ги предводеше Кавалирс со 15 последователни победи на почетокот на сезоната, што беше една од трите низи со најмалку 12 победи.
Тимот направи серија од 16 победи, од 5. февруари до 14. март, што е клупски рекорд.
Кливленд имаше најдобар резултат во Источната конференција со 64 победи и 18 порази.
Тоа е втор најдобар резултат во историјата на франшизата, а Аткинсон стана третиот тренер на Кавалирс кој ја освоил наградата, по Били Фич (1975/1976) и Мајк Браун (2008/2009).
Спорт
Крос: Педри е најдобар на својата позиција во светот
Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен и Реал Мадрид, кој пред една година ја заврши кариерата, Тони Крос, го пофали играчот на Барселона, Педри, за кого рече дека е најдобар во светот на својата позиција.
Реал Мадрид и Барселона се борат на сите фронтови, секој збор на сегашни и поранешни играчи, тренери, членови на управниот одбор, со внимание се слуша, па кога некој ќе излезе и јавно ќе пофали играч на противничкиот тим, како што направи Тони Крос, тоа предизвикува големо внимание.
„Педри е најдобриот играч од средниот ред во моментов од моја перспектива. Генерално, тој е играчот што секогаш ви недостасува кога не е на теренот, без оглед на името на противникот“, рече Крос, а потоа продолжи:
„Не станува збор само за бројот на голови или асистенции, тој едноставно ви дава многу решенија на теренот. Гледав што направи оваа сезона. Во Лигата на шампионите го надигрува противникот 52 пати по натпревар, во Примера перформансите се уште поекстремни бидејќи ги надигрува противниците 59 пати по натпревар. Победува 11-12 одбранбени играчи по натпревар, што е најтешката работа за играч од средниот ред. Затоа, според мене, тој е најдобар. Ако г нема во тимот, сигурно ќе забележите“.
Спорт
Жоржињо се враќа дома

Беше јасно дека Жоржињо нема да остане во Арсенал од следната сезона, но одлуката за новиот клуб е многу интересна.
Италијанскиот репрезентативец, реши да се врати дома, потпиша договор со Фламенго.
Извонредниот играч од средниот ред е роден во Бразил, поточно во Имбитуба. На 15-годишна возраст се преселил во Италија, од каде што потекнува неговиот дедо, па затоа и доби италијанско државјанство.
Веднаш по завршувањето на сезоната, Жоржињо ќе стане играч на познатиот бразилски клуб со кој потпиша договор на три години. Ова не е нова вест, Италијанецот со бразилско потекло веќе долго време преговараше со Фламенго.
Најголема трага Бразилецот со италијански пасош остави во Наполи, каде што помина четири години. Потоа се пресели во Челзи и освои неколку трофеи за пет години на „Стемфорд Бриџ“.