Спорт
Јохансон до победа во Лахти, Гранеруд падна при поставувањето на рекордот на скокалницата

Норвешкиот ветеран Роберт Јохансон триумфираше на натпреварувањата во Ски скокови во финскиот Лахти собирајќи 265.9 поени со скоковите од 128.5 и 126.5 метри, победувајќи го Германецот Маркус Ајзенбихлер за 1.7 поени, додека трет беше уште еден германец Карл Гајгер со 264 поени.
Сепак, приказната на денот е младиот сонародник на Јохансон и лидер во генерален пласман, Халвор Гранеруд. Тој беше убедливо прв по првата серија со скок од 132.5 метри и ќе победеше и со потпросечен скок, но тој се обиде да стигне до рекордот на скокалницата и стигна до 137.5 метри, но падна при доскокот. На крајот тој заврши како четврти.
Гранеруд е убедливо прв во генерален пласман со 1.006 поени пред Ајзенбихлер (796) и победникот на „4 скокалници“, Полјакот Камил Стох (661).
#WinningJump: Robert Johansson / #Lahti#skijumping #FISskijumping #lahtiskigames pic.twitter.com/pl9wW2eg4a
— FIS Ski Jumping (@FISskijumping) January 24, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Договорен првиот блокбастер трансфер

Флоријан Форц, доживеа метеорски успех во изминатите две сезони. Го привлече вниманието на најдобрите европски клубови, а според медиумите во Германија донел одлука околу идниот клуб.
Реал Мадрид и Манчестер сити важеа за најголеми фаворити во трката за потписот на Вирц. Спеак талентираниот играч за врска решил да не ја напушта Германија.
Дел од германските медиуми тврдат дека Вирц му кажал на тренерот Чаби Алонсо дека кариерата ќе ја продолжи во Баерн Минхен. Со ова Баерн уште еднаш покажа дека е голем клуб со огромно влијание.
Во Минхен за услугите на Вирц подготвиле пакет „тежок“ 250 милиони евра. Вирц ќе добие петгодишен договор, вреден 20 милиони евра по сезона, а Баер Леверкузен од обесштетувањето ќе заработи 150 милиони евра.
Спорт
Чеферин: Срамна е состојбата на стадионите во Италија

Александар Чеферин ја критикуваше состојбата на стадионите во Италија и тврди дека таа е полоша во Италија отколку во која било друга голема фудбалска земја во Европа.
Пред реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите во кој Интер ќе се сретне со Барселона, претседателот на УЕФА разговараше со „СпортМедијасет“, меѓу другото, зборуваше за стадионот „Џузепе Меаца“ и неуспешниот обид тој да биде местото каде што ќе се игра финалето на Лигата на шампионите.
„Мислам дека фудбалската инфраструктура во Италија е срамна“, рече Чеферин.
„Вие сте една од најголемите фудбалски земји, ги освоивте светските и европските првенства, Лигата на шампионите. А во исто време, имате најлоша инфраструктура меѓу големите фудбалски земји. Веќе сум малку уморен од овие приказни за инфраструктурата во Италија. Сè завршува само со приказни. Се надевам дека Италија ќе направи нешто. Клубовите имаат потреба од помош од државата, локалните заедници, па дури и од приватните инвеститори. Време е да се реагира, ситуацијата е исклучително лоша“, рече Чеферин и дополни дека е сигурен дека „Италија ќе биде домаќин на Европското првенство во 2032 година“.
Сите очекуваат заедничката кандидатура на Турција и Италија да добие зелено светло за домаќинство на ЕП 2032, но најновите изјави од првиот човек на УЕФА се јасно предупредување до Италија дека треба посериозно да ја сфати работата што треба да се заврши.
Спорт
Шестмина нема да биде во Реал кога ќе дојде Чаби Алонсо

Чаби Алонсо (43) би можел да го наследи Карло Анчелоти (65) и да стане тренер на Реал Мадрид следната сезона. Поранешниот шпански фудбалер, кој го предводеше Баер Леверкузен до двојната круна минатата сезона и претрпе само пораз во финалето на Лига Европа, наводно веќе преговара со „кралскиот клуб“.
„Дефенса Централ“ пишува дека добил список со имиња на шест играчи на Реал кои би можеле да го напуштат клубот во летниот преоден рок.
На некои од нив клубот веќе не смета, за други чекаат добри понуди, додека некои би можеле да побараат трансфер, но засега не е потврдено ниту едно заминување.
Фудбалерите кои би можеле да го напуштат Реал во летниот преоден рок, според „Дифенса Централ“:
1. Андриј Лунин (голман), 26 години, 12 настапи во сезоната
2. Хесус Ваљехо (дефанзивец), 28 години, 1 настап во сезоната
3. Ферланд Менди (лев бек), 29 години, 31 настап во сезоната
4. Лукас Васкез (десен бек), 33 години, 47 настапи по сезона
5. Лука Модриќ (ред за врска), 39 години, 52 настапи во сезоната
6. Родриго (напаѓач), 24 години, 50 настапи во сезоната
Шпанските медиуми објавуваат дека името на Родриго на списокот е изненадување со оглед на тоа што тој беше стандарден член на првиот тим во текот на целата сезона, а во последните изјави тој нагласи дека сака да остане во Реал уште многу години.