Економија
Акација на „Спорт лајф“ за најголем број погодени натпревари!

Во Sport Life стартуваше акцијата „До 50 шанси за 100 000 денари“ во која ќе се натпреваруваат играчите членови на СЛ клубот. Акцијата ќе трае од 22.01. до 22.3.2021 година, во 4 етапи од по 15 дена. Во тој период, во секоја одделна етапа, Sport Life ќе доделува вредни подароци за оние кои ќе погодат најголем број на натпревари на еден тикет, независно дали е тој добитен или недобитен.
Играчите со најмногу погодени натпревари на тикет ќе освојат 100.000 денари, за второпласираните следува вредносен ваучер од 25.000 денaри за производи од „Анхоч“ или „Техномаркет“, а, пак, третопласираните добиваат подарок месечно обложување, со вредносни ваучери од 200 денари секој ден.
Минималната уплата на тикет е 20 денари, додека на еден тикет може да се одиграат и до 50 натпревари, со минимален коефициент од 1,30. Акциската понуда важи само за несистемските тикети, односно за тикетите со една комбинација уплатени со приложување на СЛ клуб-картичката, а ги опфаќа и тикетите од понудата за обложување во живо, микс тикетите и тикетите со натпревари од Супер тип понудата.
Сите информации во врска со овој натпревар, како и тековната ранг-листа можете да ги дознаете ТУКА.
Со зачленувањето во СЛ клубот играчите na Sport Life се здобиваат со екслузивно право да учестуваат во оваа и голем број други акции и натпревари како што се Типстер на месецот, Втора кеш шанса, како и да освојуваат поени за вредни подароци од СЛ маркетот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Николоски: За автопатот Кичево-Букојчани ќе избереме изведувач овој месец, изградбата започнува веднаш согласно временските услови

Овој месец, почетокот на следниот месец ќе биде избран Изведувач за изградба на автопатот Кичево -Букојчани и доколку дозволат временските услови веднаш ќе се започне со изградба, најави денеска од Кичево, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.
„До среда е рок за достава на понуди на автопатот Кичево Букојчани. Тој го работиме заедно со ЕБОР. Вредноста е проценета на околу 123 милиони евра, истите ги имаме обезбедено во соработка со ЕБОР а 20 % се грант средства. Очекувам до крај на овој месец, почетокот на следниот месец да имаме избрано Изведувач и доколку не послужат временските услови, а доколку не, со почетокот на следна градежна сезона во март да почнеме со изградба и на овој автопат кој што очекувам во период од 3 години да се заврши. Дополнително на тоа е најголемиот инженерски потфат, а тоа е изградбата на автопатот од Букојчани до Гостивар или популарната Стража. Од 33 км колку се проектирани, 17км се пробиени. Од март ќе се пробиваат и другите километри и првпат ќе видиме автопат да се гради од двете страни и очекувам до 2028 година и тој автопат да биде завршен што значи дека до крај на 2028 година Кичево ќе биде средиште на автопатското поврзување на Коридор 8, што значи дека по автопатско решение ќе се патува и кон соседна Србија, соседна Албанија и Грција” – истакна Николоски.
Тој најави дека до пролет и тунелите на автопатот Кичево-Охрид ќе бидат пуштени за сообраќај.
„Таму имаме 16 проблематични косини, на две од нив се работи од страната на Кичево, а за останатите проектирањето завршува на 1 ноември. До пролет очекувам и тунелите да бидат пуштени во употреба, а останите делови на автопатот да се пуштаат сукцесивно” – изјави вицепремиерот Нколоски.
Економија
Славески: Народната банка е пример за креирање политики засновани на квалитетни податоци и истражувања

„Несомнено, квалитетните и навремени податоци и анализи се клучни во носењето на кредибилни политики со кои се одржува макроекономската стабилност. Затоа, Народната банка своите одлуки секогаш ги темели на робусни докази засновани на детални емпириски истражувања, статистички анализи и квалитетни податоци, коишто го одржуваат и јакнат нејзиниот кредибилитет. А во време на глобални неизвесности и повеќе последователни кризи, токму силниот кредибилитет претставува најмоќната алатка за успешно остварување на целите на монетарната политика“. Ова го порача гувернерот Трајко Славески во своето воведно излагање на годишната конференција „Применети економски истражувања: патот кон оптимални национални стратегии и политики во турбулентни времиња“ организирана од страна на Балканската асоцијација на економисти во применета економија, во соработка со и поддржана од Економскиот факултет – Скопјe при УКИМ и Сојузот на економисти на Македонија.
Славески се осврна на анкетното истражување на Global central banking околу главните приоритети на централните банки, оперативните поставености и, следствено нивните истражувачки активности во следниот период.
„На прво место е финансиската стабилност, при што над 45% од централните банки даваат приоритет на финансиската стабилност и отпорноста, во контекст на тековните глобални предизвици. На второ место е справувањето со инфлацијата, при што мерките што ги преземаат централните банки се во насока таа да се сведе на историските нивоа од околу 2%. Третата област е кибер-безбедноста и вештачката интелигенција, коишто се новите предизвици пред кои што се исправени централните банки“, истакна гувернерот Славески.
Во фокусот на истражувањата се и дигиталната трансформација, вклучително и воведувањето на дигиталните валути коишто сѐ помасовно стануваат дел од стратегиите на централните банки.
Славески посочи дека носењето на одлуки базирани на докази е неопходно за централните банки успешно да ја извршуваат својата функција во комплексноста на денешните економии, особено во услови на епизоди на висока инфлација, брзи технолошки трансформации, огромна неизвесност и гео-економска дезинтеграција.
Во своето обраќање тој порача дека Народната банка посветено и во континуитет работи на подготовка на напредни и сеопфатни истражувања и анализи, коишто претставуваат еден од главните чинители при носењето на одлуките со кои се одржува севкупната макроекономска и финансиска стабилност на земјата.
Економија
МФ: Исплатени 19,4 милиони евра нова транша за поддршка на домашните компании

Над 1 милијарда денари нова транша е исплатена од кон Развојната банка за подршка на домашните компании, средства кои Владата ги обезбеди по поволни услови од унгарскиот заем, извести МФ.
Од централниот Буџет кон Развојната банка се исплатени 1,2 милијарди денари, односно 19,4 милиони евра, средства со кои ќе се реазираат инвестициски проекти од страна на домашните компании, кои претходно се одобрени од страна на деловните банки.
Со оваа транша вкупната поддршка што од централниот Буџет е трансфериран кон домашната економија преку оваа владина мерка изнесува 190,5 милиони евра.
Во Буџетот за 2025 година проектирани се вкупно 250 милиони евра кои се наменети за поддршка на инвестициски проекти на домашните компании, а кои треба да покренат инвестициски циклус во приватниот сектор од околу 300 милиони евра. Средствата за оваа намена ги обезбеди Владата по поволни услови преку унгарската Експорт-импорт банка, соопшти Министерството за финансии.