Црна хроника
Случај „Пливалиште“: Двајца од тројцата обвинети со ослободителни пресуди
Основниот суд во Струга во четврток ги изрече пресудите во повторениот судски процес за случајот „Пливалиште“, јавува Охридњус.
За трагичниот настан во кој од струен удар на отворен шанк кој работел без дозвола загинаа тројца стружани, обвинети беа Цвете Вранишкоски, Климе Миладиноски и Гоце Јанески.
Судот на првообвинетиот Цвете Вранишкоски му изрече казна затвор во траење од три години, додека Климе Миладиноски и Гоце Јанески се ослободени од обвиненијата.
Инаку претходно судот на тројцата обвинети им изрече вкупна затворска казна од 10 години и 4 месеци. На жалба на одбраната во ноември минатата година Апелациониот суд во Битола ја укина оваа пресуда и предметот го врати на повторно судење, кое заврши денеска.
Во трагичниот настан што се случи на 11 септември 2010 година, животите ги загубија д-р Јосиф Докоски, д-р Киро Ѓоргоноски и Јонче Кувенџиески./крај/ох
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почината жена пронајдена во куќа во Струга
Вчера во 17:20 часот во ОВР Струга, од Итната медицинска помош Струга е пријавено дека во куќа на ул.„15-ти Корпус“ во Струга, сопственост на Р.М.(55) од Струга, пронајдена е почината Б.В.(56) од Струга.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Струга, информира полицијата.
Црна хроника
Тетовец извршил обљуба врз малолетно девојче
Татко пријавил во полиција дека маж од Тетовско извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка.
Имено на 10.11.2025 во 15:00 часот во ОВР Дебар, 41-годишен маж од дебарско пријавил дека лице од тетовско извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдена дрога, уапсени две лица
Вчера во 15:00 часот, полициски службеници ги уапсиле Н.И.(31) и Д.Н.(21) затоа што при преглед на патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регитарски ознаки, кое го управувал Д.Н., а сопатник бил Н.И., биле пронајдени и одземени дигитална вага и бела грутчеста материја.
Исто така, пронајдена е и бела материја која претходно Д.Н. ја фрлил од возилото.
Додека, при претреси во нивните домови, извршени со судска наредба, кај Д.Н. била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, а кај Н.И. дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја.
Двајцата се приведени и задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против ќе биде поднесена соодветна пријава.

