Вести
Властите и демонстрантите во Хонгконг договорија услови за преговори
Откако бројот на демонстрантите во Хонгконг се намали а државните службеници се вратија на работа, властите и водачите на демонстрантите во понеделникот доцна навечер се договорија за условите за преговорите за реформата на изборното законодавство, кои треба да започнат за неколку дена.
Властите на Хонгконг им дадоа гаранции на студентските лидери дека состаноците со нив ќе бидат отворени за јавноста, изјави заменикот на секретарот за устав и односи со матицата Кина, Лау Лонг-вах, пренесе DPA.„Се надеваме на пријателски дијалог со почитување од двете страни“, изјави Лау тврдејќи дека на подготвителните состаноци е „остварен добар напредок“.„Се согласивме околу три принципа. Прво, дека ќе има повеќе од еден состанок, второ, дека владата и студентите ќе бидат рамноправни страни и, трето, дека во случај на консензус владата ќе ги спроведе одлуките“, појасни Лау.Потсекретарот на Сојузот на студентите на Хонгконг, Лестер Шум, потврди дека владата ги прифатила нивните услови, но и најави дека студентското здружение ќе се советува со другите учесници на протестите пред да изнесе какви и да се конкретни барања.Матичната земја Кина веќе ја исклучи можноста од промена на својата одлука од 31-ви август дека политичкиот челник на Хонгконг од 2017 година може да се избира исклучиво откако што тесната комисија за номинации ќе ги потврди кандидатите.Шум изјави дека демонстрантите и во иднина ќе ги заземаат трите клучни делови од градот – Адмиралитетот, Монг Кок и заливот Косевеј, сѐ додека властите не понудат „опипливи отстапки во врска со изборните реформи“. Сојузот на студентите, исто така, го истакна барањето власта да не прибегнува кон сила во растерувањето на демонстрантите додека преговорите успешно не завршат, додаде.Меѓутоа заменикот секретар Лау не сакал да одговори на новинарските прашања за тоа дали владата ќе се воздржи од употреба на сила против демонстрантите./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.