Црна хроника
Полицаец вмешан во шверц на хероин
Полицаец, вработен во полициската станица за обезбедување на државната граница, „Сопот“ шверцувал хероин, соопшти МВР
Заедно со четириесет и петгодишниот полицаец Владо Стојковски, полицијата ги уапсила и триесет и четиригодишниот Бобан Таневски од кумановското село Тромеѓа и дваесет и петгодишниот Амир Шерифи од село Романовце.Синоќа околу 21:30 часот полицијата најнапред го уапсила Таневски на паркингот пред мотелот Милано на автопатот Куманово – Скопје. Кај него бил пронајден еден килограм хероин спакуван во две најлонски кеси обвиткани со селотејп.Таневски го зел хероинот од дваесет и петгодишниот Амир Шерифи од село Романовце.Шерифи заедно со полицаецот Стојковски во пицеријата “Твист“ во Куманово го чекале веќе уапсениот Таневски да го продаде хероинот и да им ги предаде парите, каде што биле уапсени од полицијата.За хероинот требало да бидат платени 11.000 евра, а бил наменет за домашниот пазар.Во целиот синџир Шерифи го поседувал хероинот, а полицаецот имал улога на посредник, односно пронаоѓач на купецот на хероин. Полицијата засега нема сознанија за вмешаност на истата група во друг шверц на хероин во Македонија.„Постојат одредени индиции, но истите треба да бидат проверени, значи засега нема некакви релевантни информации, дека оваа група и претходно дејствувала на овој начин односно дека и претходно пуштала хероин на наркопазарот в Македонија. Нема соодветни докази со кои тие сознанија би се поткрепиле на суд“ вели Иво Котевски, портпарол на МВР.Хероинот се наоѓа во Одделот за криминалистичка техника на МВР каде ќе се вештачи, а тројцата приведени во текот на денов ќе бидат изведени пред истражен судија, а против тројцата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Инаку, Таневски има дебело криминално досие. Осуден бил и одлежал затвор 10 години, за убиство
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
(Видео) Уапсен скопјанец, при преглед кај него и престрес на дом пронајдени околу два килограми марихуана
Вчера од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје по претходно добиени оперативни сознанија на улицата „Христо Татарчев“ извршено е легитимирање и преглед на С.М. од Скопје.
При извршениот преглед пронајдена е марихуана, дигитална вага и поголема сума на пари, а при преглед на патничкото возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки сопственост на С.М. пронајдена е поголелема количина марихуана.
По претходно добиена наредба извршен е и претрес на дом каде што престојувал С.М. при што во помошната подрумска просторија од станот пронајдена е голема количина на марихуана и две дигитални ваги.
С.М. е лишен од слобода известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Почината жена пронајдена во куќа во Струга
Вчера во 17:20 часот во ОВР Струга, од Итната медицинска помош Струга е пријавено дека во куќа на ул.„15-ти Корпус“ во Струга, сопственост на Р.М.(55) од Струга, пронајдена е почината Б.В.(56) од Струга.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Струга, информира полицијата.
Црна хроника
Тетовец извршил обљуба врз малолетно девојче
Татко пријавил во полиција дека маж од Тетовско извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка.
Имено на 10.11.2025 во 15:00 часот во ОВР Дебар, 41-годишен маж од дебарско пријавил дека лице од тетовско извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

