Македонија
Османи: Холокаустот е трагедија што не смее да се заборави
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, имаше обраќање на комеморативното одбележување по повод 27 јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот, ден на кој се сеќаваме и им оддаваме почит на преку шест милиони невини деца, жени и мажи, вклучувајќи ги 7.144 македонски Евреи, кои своите животи го загубија во Аушвиц – Биркенау, Треблинка и другите логори на смртта.
„Наша цивилизациска обврска е да се бориме, постојано и бескомпромисно, претворајќи го сеќавањето во акција, против релативизација на злото, искривоколчувањето на историјата, негирањето на фактите и вистината за холокаустот. Да кажеме гласно и јасно НЕ! – за антисемитизмот, расизмот, ксенофобијата и другите облици на нетолеранција“, истакна Османи.
Зборувајќи за важноста на холокаустот како една трагедија што не смее да се заборави, ниту пак да биде овој ден единствениот кога треба да се занимаваме со холокаустот, Османи нагласи:
„Сите ние треба и заеднички и индивидуално да работиме на ширење на универзалните вредности, зајакнување на социјалната кохезија, инвестирање во образованието и младите, на развивање и подигнување на свеста за вредноста на постоењето и почитувањето на сите различности во едно плуралистичко општество“, рече Османи.
На комеморативното одбележување кое што се одржа во форма на онлине настан, свои обраќања имаа и претседателот на Собранието на Еврејската заедница во РС Македонија, г-ѓа Радојка Хелман- Денковска, амбасадорот на Сојузна Република Германија, г-ѓа Анке Холштајн, нерезидентниот амбасадор на државата Израел, г-дин Дан Оријан, како и Фахри Хисени, координаторот на регионалниот проект на Куќата на Ана Франк од Амстердам “Историја-лекции за сегашноста” од Младински образовен форум од Скопје.
27 јануари е денот кога е ослободен злогласниот концентрационен логор Аушвиц – Биркенау и со резолуцијата на Обединетите Нации од 1 ноември 2005 година, е востановен како меѓународен ден на сеќавање на жртвите од холокаустот, кој Република Северна Македонија, како одговорен и почитуван член на меѓународната заедница, традиционално го одбележува веќе повеќе години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

