Црна хроника
11 танчерки и 23 гости затекнати во охридски локал што не ги почитувал мерките против Ковид-19
Поради сомнение за сторено кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, охридската полиција поднесе кривична пријава против Д.Т. (31) од Охрид, Х.А. (42) од тетовското село Боговиње и против локал со седиште на улицата „Железничка“ во Охрид.
Како што информираат од МВР, на 16 јануари годинава прво и второ пријавениот, во својство на управители и сопственици на правното лице, дозволиле работа на објектот после 18 часот, ангажирале 11 танчерки (странски државјанки) и дозволиле присуство на 23 други лица.
Со тоа, постапиле спротивно на безбедносните протоколи и превентивните препораки за заштита на населението од Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во кумановско, пронајдени пиштоли и куршуми
Вчера во 10.00 часoт во село Романовце, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 30-годишниот К.С. од селото Романовце, извести МВР.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени два пиштоли „Зораки“ со рамки и една кутија со 30 куршуми калибар 9 мм.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Инцидент во филијала за брзи кредити на Бит Пазар: маж со оружје се обидел за земе пари
Инцидент се случил вчера во филијала за брзи кредити на подрачјето на Бит Пазар.
Маж со закана со огнено оружје се обидел да одземе пари од вработената, но во намерата бил спречен од странка во објектот, по што го напуштил местото на настанот, информираа од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Девојчиња истепани од нивни врснички во Карпош
Две девојчиња биле нападнати вчера од малолетнички на подрачјето на Карпош.
Случајот во МВР го пријавил еден од родителите на девојчињата.
„Околу 18.00 часот, на подрачјето на Карпош, малолетно девојче и неговата другарка биле физички нападнати од две други малолетнички“, објави полицијата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.