Македонија
Николов: Филипче питачи за вакцини кај стигне, сега е пред врата кај Кинезите, а вакцини нема

Интегрален текст од прес-конференција на Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ
„Вакцина против корона ќе има на време. Со донација на вакцини од соседните пријателски држави, за кратко ќе почне процесот на вакцинација. Ова Филипче го кажа во октомври и декември минатата година.
Првично ќе има вакцини од КОВАКС механизмот. Вакцините од КОВАКС механизмот не се на повидок.
Директно преговараме со фирмите производители на вакцини. Нема никакви вакцини, нити договор со некој од производителите.
Вакцини на Фајзер ќе ни ги дадат соседите. Никој од соседните држави не ни даде вакцини, дури и оние кои што можат да ни дадат не можеме да ги примиме, иако за нив се моли уште од декември минатата година.
Чекаме одговор од Кина за вакцините против Ковид-19. Ова е последната изјава на министерот за здравство. A замислете, Кина сакала да даде 90 илјади вакцини, ама истите ги нема заради тоа што некој од министертвото за здравство молчел!
Вакво менување на изјави познато како лажење покажува само едно – интерес за здравјето на граѓаните нема или е на многу ниско ниво!
Едноставно е – вакцините за Ковид-19 кои се значајна алатка во борба со епидемијата со корона во Македонија ги нема. Прашуваме јавно, кој одлучи граѓаните да бидат оставени само на вакцините од КОВАКС, наместо на време да се активираат сите механизми?
За неколку месеци граѓаните и медицинскиот персонал се изнаслушаа само на различни изјави и различни лаги.
Бројката на заболени од корона одамна надмина 90 илјади заразени, бројката на починати се движи кон три илјади, во Британија и во соседството има нова мутација на коронавирусот која според информациите се шири со голема брзина.
Во меѓувреме граѓаните во Македонија се оставени сами на себе, лекови тешко се наоѓаат или недостасуваат, вакцини нема. За ваквата состојба одговорност мора да има!“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода делови од Центар и Аеродром

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Питу Гули бб, општина Центар (во близина на Тинекс), прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Питу Гули, дел од Загребска, Ганчо Хаџипанзов, Капештец, Димитар Пандилов, Караорман, висока зона Козле и Ловќенска-крак 1,3,5 и 7.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, во општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на дел од село Долно Лисиче.(општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на објектите спроти Ист Гејт населба Крњево.(општина Центар)
· во периодот од 08.10 до 12.00 часот, корисниците од улица Божидар Рајковиќ, дел од ул. Горноврановска и дел од улицата Горно Лисиче (општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 16.00 часот, корисниците на улиците Ибе Паликуќа, Воин Драшкоци, Веле Марков (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Претежно облачно со повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде во пораст.