Свет
„Мртвите“ вакцини како кинеските се поефикасни против новите видови коронавирус

Постои загриженост дека вакцините што се користат во целиот свет може да бидат помалку ефикасни против новите видови коронавирус, што сега ги има во Велика Британија и Јужна Африка. Кинеските вакцини против Ковид-19, кои користат неактивиран вирус, може да се надградат и да се справат со новите варијанти за приближно два месеца, тврди кинескиот медицински експерт Шао Јиминг, научник од Кинескиот центар за контрола и превенција на болестите.
Вакцините од „Синовак биотек“ и Кинеската национална фармацевтска група („Синофарм“) се користат во Кина и во странство. Вакцината на „Синофарм“ е одобрена за употреба во ОАЕ.
Овие вакцини содржат инактивиран вирус, кој не може да се реплицира во човечките клетки.
„Неутрализирачката способност на антителата предизвикани од кинеските вакцини, кои беа развиени во согласност со варијантата што се шири во градот Вухан кон крајот на 2019 година, се појави послаба во однос на неодамна откриените варијанти во Велика Британија и Јужна Африка“, вели Шао за „Глобал Ттјмс“.
Тој наведе студии на кинески компании за вакцинирање и лаборатории.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп објави: Непријателствата се решени

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека непријателствата меѓу Пакистан и Индија се решени, откако ги повика двете земји да се фокусираат на трговијата наместо на војната.
Во обраќањето пред американските трупи во воздухопловната база Ал Удеид во Катар, за време на турнејата на Блискиот Исток, Трамп рече дека Пакистан и Индија се задоволни од тоа, објави Ројтерс.
Соседните нуклеарни земји го завршија конфликтот, кој траеше од 7 до 10 мај, кога се согласија на прекин на огнот по дипломатски разговори и притисок од САД.
Како што е најавено, денес во текот на денот, Трамп ќе отпатува во Абу Даби во Обединетите Арапски Емирати за последниот дел од неговата турнеја на Блискиот Исток, која трае од 13 до 16 мај.
Свет
(Видео) Русија: Турција ги одложи преговорите за попладне; Зеленски пристигна во Анкара

Предложените разговори меѓу Русија и Украина во Истанбул се одложени за четврток попладне на иницијатива на турската страна, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Рускиот претседател Владимир Путин предложи директни преговори со Украина во Истанбул во неделата.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна денес во турската престолнина Анкара на средба со турскиот шеф на државата, Реџеп Таип Ердоган, а во Истанбул рускиот и украинскиот лидер чекаат одделно да почнат преговорите.
Авионот на украинскиот претседател слета на аеродромот „Есенбога“ во Анкара и е закажана средба со Ердоган напладне.
Зеленски претходно оваа недела изјави дека е подготвен да разговара само со Путин предизвикувајќи го да дојде во Истанбул ако е доволно храбар.
Кремљ одговори дека Русија не се согласува со ултиматуми. Двете страни последен пат имаа директни разговори во март 2022 година, исто така во Истанбул, само неколку недели откако Путин нареди напад врз Украина.
Двете страни се обидуваат да му докажат на американскиот претседател Доналд Трамп дека се сериозни во врска со мировните напори.
Американскиот претседател моментно е на турнеја на Блискиот Исток, а изјави дека ќе дојде во Турција еден ден подоцна „доколку тоа би било соодветно“.
Регион
Конститутивната седница на собранието на Косово одложена 16. пат

Конститутивната седница на собранието на Косово денес беше одложена шеснаесетти пат откога повторно не беше прифатен предлогот на движењето Самоопределување за одржување тајно гласање за избор на претседател на собранието.
55 од присутните 111 пратеници гласаа за формирање комисија, која ќе го надгледува тајното гласање.
Седницата е закажана да продолжи в сабота, 17 мај, во 10.30 часот.
Самоопределување исто така побара тајно гласање за претседател на собранието на последните шест седници, но опозициските Демократската лига на Косово, Демократската партија на Косово и Алијансата за иднината на Косово, како и Српската листа, се против тоа одбивајќи да предложат членови на комисијата за тајно гласање.
Кандидат на Самоопределување за претседател на собранието е сè уште Албуљена Хаџиу, иако во шест обиди за избор таа никогаш не добила повеќе од 57 гласа, а за избор на претседател на собранието се потребни 61 глас.
Поради неможноста за конституирање на собранието, претседателката Вјоса Османи за денес закажа консултации со претседателите на партиите.
Конститутивната седница почна пред 30 дена, на 15 април, а врз основа на резултатите од изборите одржани на 9 февруари ниедна партија нема доволно мандати за самостојно да формира влада.
Самоопределување има 48 мандати, Демократската партија на Косово – 24, Демократската лига на Косово – 20, Алијансата за иднината на Косово и иницијативата „Нисма“ – 8, Српската листа – 9, Партијата за слобода, правда и опстанок – 1, а преостанатите 10 мандати им припаѓаат на претставници на другите немнозински заедници.