Економија
(Видео) Заев: Ги имаме едни од најдобрите економски резултати во Европа во време на пандемија
Економијата се движи. И во 2020 година, кога во целиот свет има пандемија, ние имаме едни од најдобрите резултати на европскиот континент, рече премиерот Зоран Заев на седницата за пратенички прашања во парламентот одговарајќи за економската состојба во државата и за реализацијата на капиталните инвестиции во земјата.
„Платата расте за време на пандемијата. Во овие години наназад 60 проценти е зголемена минималната плата. 30 проценти е зголемена просечната плата, сега е 27 илјади денари. 300 проценти социјално се помогнати граѓаните. 99 проценти буџетот ги наплати приходите, што само по себе е доказ колку економијата живее во државата благодарение на мерките, на транспарентноста, на помошта што ја дадовме. Тоа е патот по кој треба да продолжи државата“, порача премиерот Заев.
Претседателот на Владата, Заев, ги објасни активностите во делот на енергетиката и инфраструктурата. Тој посочи дека само во источниот Кумановско-кривопаланечки Регион, 180 милиони евра буџетски пари се инвестираат во патишта и железници, како и дека со 70 милиони евра се финансирани локални патишта во општините, откако беа оставени со 300 милиони евра долгови од претходната власт, кои се раздолжени и е продолжено да им се помага.
Во делот на енергетиката премиерот Заев рече дека првпат има заинтересирано 10 големи компании за хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“.
„По 30 години зборување за овој проект да успее, ќе успее ‘Чебрен’, затоа што ја имаме најголемата француска, двете најголеми австриски, најголемата грчка, најголемата шпанска, една турска, две кинески и други европски компании, вкупно 10, од кои 9 ја поминаа првата фаза. Проектот е вреден 800 милиони евра. Проектот е џиновски, го подигнува БДП, создава нова регионална батерија во делот на балансирањето на енергијата во целиот регион и огромно производство, над 300 мегавати на хидроенергија. Се работи за комплетно еколошки сработен проект“, рече премиерот Заев.
Тој информира дека за ТЕЦ „Неготино“ во почетокот на март ќе биде објавен повик за јавно приватно партнерство или за продажба за да се стави во функција на природен гас и еколошка енергија.
„Зацртавме еден по еден да ги затвораме блоковите што работат на јаглен и ќе успееме, првин ‘Осломеј’, па првиот блок во РЕК ‘Битола’“, најави премиерот Заев.
Тој ја повика опозицијата да застане заеднички кога се работи за проектот за клиничкиот центар во Скопје за кој е обезбедена локацијата, донесен е урбанистичкиот план, се изведуваат инфраструктура, водовод, пристапен пат, гас, напојување, а има интерес од познати инвеститори.
„Да застанеме заедно зад стратешките интереси, овие блокади во парламентот, нашиот народ знае кој ги прави и колку тоа чини за економскиот стандард, апелирам да им служиме на граѓаните и државата“, повика премиерот Заев во Собранието, каде што е во тек седница посветена на пратенички прашања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Николоски: Се работи на нов просторен план на Македонија, стратешки документ за развој на државата
Изработката на новиот просторен план на Македонија треба да ги даде насоките за просторниот развој на државата со што ќе се овозможат бенефити за целокупното општество. Планот кој го изработува Агенцијата за просторно планирање, а во соработка со надлежни институции треба да понуди нов инфраструктурен концепт за развојот на Македонија, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на настанот по повод 20 години постоење на Агенцијата за просторно планирање.
Како што потенцира тој, Агенцијата има централна улога во обликување на идниот развој на државата.
„Би сакал да ја потенцирам важноста на новиот просторен план од следните причини: Македонија како природна крстосница меѓу Југоисточна и Централна Европа, има геостратешка важност која произлегува од положбата на коридорите Исток–Запад и Север–Југ, односноа Коридорите 8, 10 и 10 – д. Понатаму близината на јужните пристаништа и улогата како транзитна земја за транспорт, енергија и трговијата. Гледаме во овие глобални предизвици колку е важно Македонија енергетски да се поврзува и во таа насока изградбата на интерконекторот кој не поврзува со Грција како и планираниот интерконектор со Србија, ќе значи дека Македонија ќе стане и енергетска раскрсница. А во меѓувреме интензивно се работи и на далноводно поврзување и со Албанија преку далноводот Охрид-Елбасан. Тука се автопатите, железничките поврзувања, логистичките центри, мултимодуларните јазли особено јазолот со вкрстувањето на коридор 10 со коридор 8, подобрување на меѓуграничната поврзанот и др. И затоа сметам дека треба да постои добра соработка со сите институции на изработка на тој документ кој ќе се почитува и со кој ќе се следи развојот на државата”, кажа Николоски.
Тој го потенцира институционалното партнерство со Министерството за транспорт во спроведување на стратешките политики на Владата, а најави дека министерството работи на изработка на софтвер за развој и управување со геопросторни податоци. Вицепремиерот упати честитки за јубилејот на Агенцијата.
Економија
Минт кредит – роденденска акција што носи подарок
Време е за нови можности и убави изненадувања, затоа што Минт Кредит слави роденден, а кога се слави роденден – подароците се задолжителни. Овој пат, Минт Кредит те изненадува со специјален роденденски Mint Store ваучер покрај брзата финансиска поддршка
Избери износ што ти одговара и добиј подарок::
• Кредит до 30.000 МКД – ваучер од 1.000 МКД
• Кредит до 60.000 МКД – ваучер од 2.000 МКД
• Кредит до 300.000 МКД – ваучер од 3.000 МКД
Брзо, едноставно и без компликации:
✔️ Минимум 12 рати рок на отплата
✔️ Онлајн апликација од каде било
✔️ Одобрување за само 10 минути
Искористи ја роденденската акција и добиј повеќе вредност со секоја апликација – финансиска поддршка плус Mint Store ваучер за шопинг.
Минт Кредит – Кога вредноста е двојна, изборот е јасен.
Аплицирај на Минт Кредит За повеќе информации јави се контактирај се на 15 107, или во една од нашите канцеларии.
*Подарокот важи за одобрени и исплатени кредити.
ПР
Економија
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
Д-р Фатих Шахбаз е назначен за нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје. По успешно спроведените законски и регулаторни процедури, Народната банка даде одобрение за назначување на новиот ГИД, кој банката ќе ја води во следниот период. Со оваа одлука Халкбанк продолжува со стратегиски ориентиран и стабилен развој под раководство на искусен професионалец, кој зад себе има повеќе од две децении богато искуство во банкарскиот сектор.
Д-р Шахбаз својата кариера ја градел во рамките на Türkiye Halk Bankası A.Ş., каде последователно извршувал различни значајни функции, од специјалист, внатрешен инспектор, директор и раководител на филијала, до менаџер на оддел и директор на група. На 1 декември 2022 година бил назначен за заменик генерален директор задолжен за Управување со човечки ресурси и Секторот за поддршка, а од 17 јули 2025 година ја извршувал функцијата заменик генерален директор задолжен за Управување со поддршка и Дигитална трансформација.

Неговото академско образование, богато професионално портфолио и долгогодишната експертиза како и искуството во менаџирање со клучни сегменти од банкарското работење, претставуваат силна основа во понатамошниот развој и водење на Халкбанк во Македонија.
Халкбанк АД Скопје е стабилна и високо позиционирана банка на македонскиот пазар, еден од најзначајните двигатели на економијата во државата и стабилен партнер на македонските компании и граѓани, со континуиран раст и силни финансиски показатели. Банката ја заврши 2024 година со актива од 1,852 милијарди евра, кредитно портфолио од 1,17 милијарди евра, депозитна база од 1,325 милијарди евра и нето добивка од над 30 милиони евра. Веќе во вториот квартал од 2025 година активата порасна на 1.922 милиони евра, што е раст за шест месеци од речиси 71 милион евра, депозитната база достигна 1.443 милиони евра, додека кредитирањето вкупно се зголеми за речиси 158 милиони евра, резултати кои ја потврдуваат довербата на клиентите, професионалноста на тимот и стабилната улога на Банката во економијата.
Со поставувањето на Д-р Фатих Шахбаз за Главен извршен директор, Банката продолжува со јасна визија, стратегиски развој и посветеност во унапредувањето на финансиските услуги, дигиталните решенија и поддршката на економскиот раст и развојот на македонскиот пазар.
ПР

