Црна хроника
Пијани насилници дивееле во хотелот „Славија“ на Попова Шапка

Четири лица дивееле во хотелот „Славија“ на Попова Шапка, при што со дрвени мотки повредиле и две лица од хотелот
Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, настанот се случил вчера околу 18,10 часот, кога 42. годишниот Џ.Д. и 30. годишниот Х.И. од Тетово, заедно со уште две лица, во алкохолизирана состојба започнале со дрвени мотки да го кршат инвентарот во хотелот „Славија“ на Попова Шапка. Насилниците претепале и еден гостин во хотелот, како и рецепционерот, по што излегле од објектот, оштетиле едно возило марка „бмв“ и отишле во непознат правец. Повредените биле префрлени во Тетовската болница, каде што им е укажана помош. Двајца од насилниците се приведени во полиција, додека по уште двајца се трага.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Поранешен дечко со оружје дошол пред домот на девојка во Гевгелија, полицијата го спречила

Полицијата во Гевгелија денеска спречи обид за убиство на девојка од нејзиниот поранешен партнер.
Според информациите на Министерството за внатрешни работи, 25-годишната М.П. од Гевгелија пријавила дека на нејзината влезна врата тропале нејзиниот поранешен партнер Ј.Г., кој користел отсуство од затвор, заедно со Л.Г.
Од пријавата произлегува дека двајцата се заканувале, а младата девојка слушнала и репетирање на огнено оружје.
Полициските службеници веднаш излегле на местото на настанот и извршиле преглед. Во ормарот за чевли бил пронајден пиштол без рамка. При извршеното алкотестирање кај поранешниот партнер биле измерени 3,3 промили алкохол во крвта.
Двајцата биле приведени, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.
Црна хроника
Со тврд предмет ги нападнал сопругата и малолетната ќерка: уапсен скопјанец

Синоќа во 20:30 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 39-годишник од Скопје.
Полицијата постапила по претходна пријава од неговата 42-годишна сопруга дека во семејниот дом, физички ги нападнал неа и нивната малолетна ќерка, при што употребил и тврд предмет.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Ги претепал двете сестри: кривична за 19-годишник од Тетовско

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 19-годишник од тетовско село.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „телесна повреда“.
Имено на 09.08.2025 во семејниот дом, пријавениот физички ги нападнал двете негови сестри, од кои едната е малолетничка.