Спорт
Црни рекорди на Мурињо, повреда на Кејн, пораз од „црвените“ и кавга со Орие
Португалскиот стратег Жозе Мурињо со синоќешниот пораз од Ливерпул (1-3) во Лондон постави два црни рекорди, а тоа не му се единствените лоши вести по овој меч.
За легендарниот тренер тоа беше веќе шести домашен пораз по 23 меча на свој терен. Португалецот никогаш досега не доживеал толку домашни неуспеси во националните лиги. Челси во два наврати го водеше вкупно 5 сезони и на свој терен загуби само 5 првенствени меча.
Понатаму, ова за Мурињо е трет пораз во низа во мечевите против Ливерпул во Премиерлигата што му е најдолга губитничка низа против еден клуб во кариерата.
На полувремето против „црвените“ Тотенхем доживеа два удари. Серж Орие бесен што Мурињо го замени по кавгата со него демонстративно ја напуштил соблекувалната, а подоцна и стадионот.
Уште полошо е тоа што Спарси по првиот дел мораа да останат и без најдобриот играч, капитенот Хари Кејн (сезонава на 29 меча има 19 гола и 14 асистенции). Тој се очекува да отсуствува од терените еден месец поради повреда на зглобовите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Скандал во Подгорица – голманот на Будуќности нокаутира соиграч
Будуќност и Сутјеска ремизираа 2:2 во најголемото црногорско дерби. Натпреварот остана во сенка на инцидентот што се случи неколку минути по последниот свиреж на судијатај.
Играчите на Будуќност, по завршувањето на натпреварот застанаа пред северната трибина, беа на рапорт кај навивачите кои од нив побараа да ги соблечат дресовите.
Тогаш голманот Ѓорѓије Павличиќ го нокаутираше соиграчот Игор Ивановиќ.
Павличиќ потоа замина во соблекувалната.
Инаку, Будуќност е втор на табелата со 55 бодови, а Сутјеска е трета со два бода помалку. Дечиќ на четири кола пред крајот на првенството има три бода повеќе и подобар меѓусебен скор во однос на Будуќност.
Спорт
(Видео) Атлетико ја доби битката за Лигата на шампионите
Фудбалерите на Атлетико Мадрид на домашен терен го победија Атлетик Билбао со 3:1 во 33.коло на Ла Лига.
Дербиот на „Цивитас Метрополитано“ беше директна борба за последното место кое води во Лигата на шампионите, следната сезона, а до кое сега се поблиску „јорганџиите“.
Родриго Де Пол им донесе предност на домашните по 15 минути игра. Но првото полувреме мина во сенка на расистичкиот инцидент. Некој од трибините го навреди Нико Вилијамс, поради што натпреварот кратко беше прекинат.
Неколку минуит подцна, помладиот од браќата Вилиујамс го постигна израмнувачкиот гол. На голот му претходеше катастрофалната грешка на Гризмам.
Во продолжението, Анхел Кореа во 52.минута му ја пврати предноста на Атлетико. Аргентинецот погоди по брилијантната аситенција на Коке.
Од тој момент гостите ја презедоа иницијативата, но не успеаја да направат ништо сериозно пред голот на Облак.
Конечниот резултат беше поставен во 80.минута, по ударот на Лино топката од стативата се одби од раката на голманот Симон и заврши во голот.
Атлетико сега има шест бода повеќе од ривалот од Баскија.
Во следното коло двете екипи заминуваат на гости. Атлетико во Мајорка, а Билбао повотрно ќе допатува во Мадрид на дуел со Хетафе.
Спорт
(Видео) Челси на „Вила парк“ се врати од 0:2, ВАР му ја украде победата во 96.минута
Астон Вила и Челси ремизираа 2:2 во 35.коло во Премиер лигата. Вила имаше предност од 2:0, Челси се врати во вториот дел, а целосен пресврт не дозволи ВАР и судијата Крег Полсон.
Астон Вила ги надигра гостите од Лондон во првото полувреме и на паузата замина со предност од два гола. Марк Кукуреља во четвртата минута си постигна авто-гол, а Роџерс во 42. зголеми на 2:0.
Челзи не делуваше добро на теренот се до 62.минута кога Нони Мадуеке успеа да го намали резултатот.
Гостите израмнија во 81. минута, кога Конор Галагер, кој асистираше за првиот гол, брилијантно го погоди во подалечниот агол на Робин Олсен, кој влезе во игра на местото на Емилијан Мартинез.
До крајот на мечот Оли Воткинс имаше добра шанса пред голот на Петровиќ, но не беше прецизен.
Аксел Дисаси ја погоди мрежата на Олсон во 96.минута, но голот беше поништен по интервенцијата на ВАР, поради наводниот фаул на Беноа Бадијашил, кој асистираше за голот.
Вила остана на четвртото место на табелата со 67 бодови, седум повеќе од Тотенхем кој има дури три натпревари помалку.
Челзи е на деветтата позиција со 48 бодови, со само теоретски шанси да се вклучи во борбата за шестото место кое носи пласман во Конференциската лига.