Македонија
Седуммина починати и 325 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.589 тестирања, а регистрирани се 325 нови случаи на Ковид-19 во Скопје – 151, Тетово – 27, Кавадарци – 17, Охрид – 16, Велес – 14, Куманово – 13, Делчево – 11, Битола – 9, Струга – 9, Гевгелија – 8, Гостивар – 6, Демир Капија – 6, Штип – 5, Радовиш – 4, Берово – 4, Прилеп – 3, Струмица – 3, Кичево – 3, Неготино – 3, Ресен – 3, Кратово – 2, Крушево – 2, Македонски Брод – 2 и по еден во Кочани, Свети Николе, Крива Паланка и Демир Хисар.
Воедно, регистрирани се 479 оздравени пациенти од Скопје – 358, Охрид – 46, Струга – 13, Струмица – 11, Прилеп – 11, Кавадарци – 9, Куманово – 5, Велес – 5, Гостивар – 4, Битола – 3, Кичево – 2, Ресен – 2, Радовиш – 2, Пробиштип – 2, Крушево – 2 и по еден од Штип, Дебар, Демир Капија и Неготино.
Починати се 7 лица, двајца пациенти од Скопје (89 и 79 години), двајца од Охрид (80 и 89 години) и по еден од Гостивар (62), Струга (85) и Пробиштип (70). Сите седуммуна се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 92.518, бројката на оздравени пациенти е 81.316, на починати е 2.848, а бројот на активни случаи изнесува 8.354.
Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов статистиката по градови е следна:
• Скопје 40.324, активни 4.449
• Куманово 5.193, активни 365
• Тетово 5.103, активни 315
• Прилеп 4.557, активни 165
• Гостивар 3.620, активни 206
• Штип 3.501, активни 128
• Битола 3.229, активни 170
• Велес 3.097, активни 269
• Охрид 2.814, активни 367
• Кавадарци 2.589, активни 327
• Струмица 2.531, активни 258
• Струга 2.211, активни 156
• Кочани 1.722, активни 74
• Кичево 1.718, активни 129
• Свети Николе 1.079, активни 34
• Гевгелија 994, активни 104
• Неготино 965, активни 85
• Дебар 761, активни 90
• Ресен 738, активни 96
• Крива Паланка 724, активни 45
• Радовиш 707, активни 52
• Делчево 618, активни 177
• Берово 593, активни 43
• Пробиштип 507, активни 38
• Виница 489, активни 32
• Валандово 325, активни 11
• Македонски Брод 246, активни 13
• Демир Хисар 244, активни 7
• Богданци 224, активни 26
• Кратово 224, активни 22
• Крушево 207, активни 26
• Демир Капија 207, активни 39
• Македонска Каменица 190, активни 17
• Пехчево 183, активни 13
• Дојран 84, активни 6
Направените 2.589 теста се преку: ИЈЗ-420, ЦЈЗ Скопје-56, Авицена-236, Биотек-188, Жан Митрев (Филип Втори)-102, Систина-210, лабораторија Лаор–262, МАНУ-126, Судска медицина-6, ЦЈЗ Битола-44, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби -2, Синлаб-67, Ремедика-19, лабораторија болница Козле-28, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)-вкупно 821, УК Пулмологија со алергологија-2.
Досега во земјата се направени вкупно 454.608 тестирања на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ЦУК: Гори на планините Кожуф и Добра Вода, под контрола се четири пожари

Денеска, до 07:00 часот, на територијата на Македонија имало вкупно 34 пожари на отворен простор, од кои два се активни, четири се под контрола, а 28 се изгаснати, извести Центарот за управување со кризи.
Активни се пожарите во општина Гевгелија: Кожуф планина, кај село Петрово (букова шума) и во општина Македонски Брод: Планина Добра вода (ниска вегетација).
Како што информира ЦУК под конртола се четири пожари: Општина Гази Баба 1: с. Трубарево (електричен отпад); Општина Гази Баба 2: с. Виниче, м.в. Муратица (нискостеблеста шума); Општина Студеничани: с. Батинци (ниска вегетација и мешана шума); Општина Кочани: с. Бали (депонија).
Изгаснати се 28 пожари.
Македонија
Левица се заплетка во лагите за парите кои завршиле во џебовите на раководството, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Левица на прес-конференција практично признаа дека податоците добиени од свиркачи за парите кои од сметката на партијата завршиле во џебови на тесното раководство се точни, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според владејачката партија, парите од сметката на партијата Левица по разни основи завршиле кај тесното раководство на Левица. Мојсоска која самата изнесе информација дека била сметководител на Левица, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, требало да знае дека доколку ја говори вистината, актот е противзаконски.
„Правниците од Левица би требало да знаат дека во Законот за пратениците јасно е наведено:
– Член 4: „Функцијата пратеник во Собранието се врши професионално.“
– Член 5: „Пратеникот нема право да врши други јавни функции или професии, кои согласно со закон се неспојливи со функцијата пратеник.“
– Член 9: „Функцијата пратеник е неспојлива со вршењето на дејности со профитна цел.“
Законот е јасен Јована Мојсоска како пратеник, не смеела да остварува профит и да врши сметководствени услуги за Левица. Доколку е вистина улогата на сметководител, Мојсоска сериозно го прекршила Законот.
Левица бегајќи од вистината се заплетка во сопствените шеми за извлекување на партиски средства за лични потреби на раководството“.
Вистината, според ВМРО-ДПМНЕ, излезе на виделина.
„Левица под закрила на идеологија, чесност и приказни за неподмитливост испумпува пари на личните трансакциски сметки.
Пропагандата на Левица за чесност и неподмитливост се претвори во параван зад кои се испумпуваат пари.
Левица не е имуна на корупција и не се бори против неа, туку е дел од неа“.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Велес-Градско

Од 08 часот и 20 минути, утрово, сообраќајот на регионалниот пат Велес-Градско е нормализиран, извести АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин поради сообраќајна несреќа.