Црна хроника
Во Кичево од куќа украдени над 25 илајди евра
Засега непозната сторител провалил во приватна куќа во Кичево ноќта во сабота наспроти недела во периодот од 23 до 2.30 часот, однесувајќи поголема сума пари
Кражбата се случила на улицата „11-ти Септември“ во Кичево. Крадецот искористил додека 33-годишниот сопственик на куќата не бил во својот дом и со скала се качил на терасата од првиот кат.Откако влегол во спалната соба провалникот почнал да пребарува и ги нашол и земал со себе 20 илајди швајцарски франци, 7.200 евра и осум илјади денар. Кражбата била веднаш пријавена а кичевската полиција соопшти дека презема интензивни мерки за пронаоѓање на крадецот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тепачка во затворот „Идризово“: вработен бил нападнат од негов колега
Вработен во затворот „Идризово“ во полиција пријавил дека бил нападнат од негов колега.
Имено, утрово во 01.55 часот, А.Р.(26) од с.Студеничани, скопско, вработен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, пријавил дека на 02.06.2024 околу 19.30 часот на работното место во установата бил физички нападнат од неговиот колега Х.Х. од Скопје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тепачка во Скопје: неколку лица биле нападнати со тврди предмети
Вчера во 14.00 часот во СВР Скопје, Д.С.(18) од Скопје пријавил дека на 31.05.2024 околу 00.20 часот на подрачјето на Гази Баба, тој и С.Р.(19), В.П., Ѓ.Н. и Б.М.С., сите од Скопје, биле физички нападнати од неколку лица, кои употребиле тврди предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.
Црна хроника
Напад со нож на автобуска постојка: кривична за 18-годишник од Скопје
СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Ф.(18) од Скопје.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „насилство“.
Имено на 06.03.2024 на автобуска постојка на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје, пријавениот со нож му нанел убодни рани на А.Ј..