Свет
Вакцината Новавакс помалку ефикасна против јужноафриканскиот вид?

Вакцината на американската компанија Новавакс против ковид е ефикасна 89 проценти против коронавирусот, но не заштитува толку добро од јужноафриканскиот вид, објави весникот „Сајанс њуз“.
Ефикасноста падна на процент помеѓу 49 и 60 проценти, додава „Сајанс њуз“.
Покрај тоа, според оваа страница, податоците покажуваат дека луѓето кои биле подложени на коронавирус може да не бидат имуни на јужноафриканскиот вид, познат како 501Y.v2 или B.1.351, кој е откриен во 30 земји.
Податоците дојдоа истиот ден кога американските здравствени власти објавија дека во САД се откриени два случаи на јужноафриканска мутација на вирусот.Станува збор за две лица од Јужна Каролина, кои не биле поврзани на кој било начин, ниту пак патувале во странство, па не е јасно како добиле 501Y.v2.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израелски министер за одбрана: Ако Хезболах нападне, повеќе нема да постои

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Хезболах ќе биде уништен ако либанската организација го нападне Израел како поддршка на Иран.
„Генералниот секретар на Хезболах не учи ништо од судбината на своите претходници и се заканува дека ќе дејствува против Израел по наредба на иранскиот диктатор.
Предлагам овој либански пион да биде внимателен и да разбере дека Израел го изгубил трпението со терористите кои му се закануваат. Ако се случи тероризам – Хезболах повеќе нема да постои“, напиша Кац во објава на Икс.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Израел штотуку е казнет

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, изјави дека Израел „штотуку е казнет“, во порака објавена на социјалните мрежи пред неколку часа.
The Zionist enemy is being punished. It is being punished right now.
— Khamenei.ir (@khamenei_ir) June 20, 2025
Објавата, која сугерира дека Иран започнал нови напади врз Израел, дополнително ги засили тензиите меѓу двете земји.
Свет
Пожари кај канцелариите на Мајкрософт во Израел, пет лица се повредени

Фотографија покажува пожари што горат во близина на канцелариите на Мајкрософт во Бер Шева, јужен Израел, а оштетени се и станбени згради, јавува Би-би-си.
Пожарникарите и амбулантните возила се на местото на настанот. Според досегашните информации, пет лица се повредени и однесени во болница.
Се чини дека Иран повторно го нападна технолошкиот парк Гав-Јам, за кој иранските власти вчера наутро изјавија дека бил нивна цел кога ја нападнале блиската болница Сорока.