Контакт

Вести

Трамп и Хилари во 90-минутна дебата

Објавено пред

Кандидатите се претседател на САД, Доналд Трамп и Хилари Клинтон, се соочија во првата телевизиска дебата на телевизијата NBC News. Новинарот Лестер Холт им поставуваше прашања за домашната и надворешната политика. Во одредени моменти, на 90-минутната дебата, Холот ја губеше контролата дозволувајќи им на претседателските кандидати да влезат во жестоки дуели.

dobivaj vesti na viber

Првото телевизискo соочување на Клинтон и Трамп, започна со жестокото обвинување на Хилари дека Трпам позајмил 14 милиони долари, на што кандидатот на Републиканците одговорил дека неговиот татко навистина му позајмил пари, но многу помалку него што тоа го тврди Клинтон и дека тоа се случило во далечната 1975 година.

„Според мојот план, даноците ќе бидат намалени од 35 на 15 отсто…Ќе ја креирам економијата на начин каков не е виден уште од времето на Роналдо Преган“, рекол Трампа.

Хилари му реплицирала дека тој е еден од првите луѓе кои ја предизвикале ткн. станбена криза.

„Тоа се нарекува бизнис“, одговорил Трампа.

На ред потоа дојде и темата за борба против исламскиот тероризам.

„Сите ваши планови и ги кажувате на Исламската држава…Вие се борите против Исламската држава целиот свој живот“, навел меѓудругото Трамп.

Хилари му одговорила дека таа барем има некаков план за борба против исламскиот тероризам и Исламската држава.

„Само зборува, не презема никаква акција“, рекол Трамп, дополнувајќи дека Хилари Клинтон е вистински политичар, односно дека се останува само на зборови.

Кога станува збор за економијата, Трамп оценил дека Хилари нема никаков план за заздравување на американската економија, на што таа жестоко му возвратила.

„Јас напишав книга на таа тема“, рекла Хилари.

На оценката на Трамп дека САД станале држава од третиот свет, Хилари рекла дека една од причините може да е и тоа што Трамп не плаќа данок.

„Јас ќе ги објавам сите мои даночни уплати кога таа ќе ги објави нејзините 30.000 избришани мејлови“, рекол Трамп.

На ова Хилари Клинтон одговорила дека нејзиниот противник ја критикува бидејќи таа добро се подготвила за дебатата.

„Знаете на што уште сум подготвена? Подготвена сум да бидам претседателка на Америка и мислам дека тоа е добра работа“.

Клинтонова истакнала дека нејзиниот противкандидат политичката кариера ја започнал со обвинувањата врз актуелниот претседател Барак Обама дека не е американски државјанин и дека тој во 1973 година бил обвинет за расизам.

Исто така таа истакнала дека Трамп ја поддржал инвазијата на Ирка.

„Тоа не е точно!, викнал Трамп, но Хилари продолжила со изјавата дека Трамп бил еден од оние кои барале американската војска да реагира во Либија. На оваа изјава Доналд Трамп немал коментар.

„Јас за разлика од неа имам победнички менталитет…Јас имам подобар темперамент. Морате да разберете, јас сум бизнисмен, јас имам „здрав разум“. НАТО треба да ни плаќа, ние нив ги браниме“, рекол Трамп.

Според зборовите на Хилари, човек кој може да биде испровоџиран од еден твит не би требало да биде блиску до местото каде се наоѓаат кодовите за активирање на нуклеарните бомби.

Додека таа зборувала за подготвеноста за понатамошна соработка со сојузниците, Трамп истакнал дека Америка не може да глуми светски полицаец.

„Јас сакам да им се помогне на сојузниците, но ние тука гибиме милијарди и милијарди долари…Нуклеарното оружје е најголемиот проблем во светот, а не глобалното затоплување како што кажува вашиот претседател…Хилари потроши стотици милиони долари само за да ме дескредитира, тоа не е добро и нема вистина во она што таа го кажува“, рекол Трамп. крај/мф/нц

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет4 часа

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет11 часа

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет11 часа

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет11 часа

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет11 часа

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...

Свет12 часа

Вашингтон одржа „прелиминарни“ разговори за потенцијален удар врз Иран, објави Волстрит журнал

Американски официјални лица разговарале за планови за можни напади врз Иран, вклучувајќи потенцијални цели, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на...

Македонија1 ден

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија1 ден

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија1 ден

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија1 ден

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ1 ден

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...

Македонија1 ден

Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе...

Свет1 ден

Хамнеи ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе контролата: Иран во најголема готовност досега

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе главната улога во справувањето со протестите...

Свет1 ден

Сè што треба да знаете за протестите во Иран

Ако штотуку дознавте за растечките протести во Иран, имаме брз преглед на тоа што стои зад оваа тековна ситуација. Протестите...

Топ1 ден

18-годишниот возач кој вчера прегази жена во Капиштец избегал од државата, МВР распиша потерница

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на ул. „Народен фронт“ во Скопје...

Македонија1 ден

Денеска гласаат болните и затворениците пред повторните избори за градоначалници во четири општини

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните...

Свет1 ден

(Видео) „Се враќам во земјата за да бидам со луѓето“ – синот на поранешниот шах на Иран повика на протести

Реза Пахлави, син на покојниот поранешен ирански шах, кој живее во Вашингтон, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со...

Европа1 ден

Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%

Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6%, додека...

Свет1 ден

(Фото+видео) Катастрофа во Викторија: беснеат стотици пожари, уништени куќи, илјадници без струја

Во австралиската сојузна држава Викторија во последните 24 часа избиле повеќе од 250 пожари, од кои 11 се класифицирани како...