Свет
„Астра зенека“ ќе испорача уште 9 милиони дози вакцини во ЕУ

Европската Унија соопшти дека британско-шведската компанија „Астра зенека“ ќе испорача дополнителни 9 милиони дози вакцини против коронавирусот до март, пишува Би-би-си.
Претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лаен, рече дека тоа е чекор напред. Но, сега очекуваните дози се сè уште само половина од оние што се очекуваат поради постојани проблеми со снабдувањето.
„’Астра зенека’ ќе почне со испораки една недела порано од предвиденото“, објави Фон дер Лаен на „Твитер“ додавајќи дека компанијата исто така ќе ги прошири своите производствени капацитети во Европа.
Европската агенција за лекови деновиве ја одобри употребата на вакцината против Ковид-19 на „Астра зенека“ во соработка со Универзитетот „Оксфорд“. Дозволата се однесува на употреба кај населението постаро од 18 години, а по одобрувањето на Агенцијата, употребата на вакцината во Европската унија треба да биде потврдена од Европската комисија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Над 2 милиони луѓе останаа во мрак во Мексико

Во југоисточниот дел на Мексико околу 2,3 милиони луѓе синоќа останаа без електрична енергија поради дефект на врските меѓу неколку мрежи.
Прекинот во електроснабдувањето траеше четири часа и предизвика хаос пред сè во сообраќајот, посебно во туристичкиот град Канкун. Во делови од градот речиси два часа беа во прекин телефонските услуги.
Најпогодени од прекинот на електрична енергија беа мексиканските сојузни држави Јукатан, Кампече и Кинтана Ро.
Свет
Цените на туристичките пакет аранжманите во ЕУ во август годинава се зголемиле за 2,5 проценти

Просечните цени на туристичките пакет аранжманите во ЕУ во август годинава се зголемиле за 2,5 проценти споредено со истиот месец лани, информира Европската статистичка агенција – Евростат.
Кога станува збор за августовските домашни туристички аранжмани, тие поскапеле за 6,8 отсто на годишно ниво, а странските за 1,6 проценти.
За споредба, во мај годинава цените на туристичките пакет аранжмани пораснаа за 1,7 отсто во однос на истиот лански месец.
Ваквите податоци укажуваат на ублажување на растот на цените на туристичките аранжмани, имајќи предвид дека во 2024 година и првиот квартал од 2025, поскапувања на пакет понудите на годишно ниво под 7,0 отсто беа регистрирани само лани во јули и во март годинава.
По земји, најголем раст на цените на туристичките пакет аранжмани на годишно ниво минатиот месец е регистриран во Естонија за 39,5 отсто, по што следуваат Бугарија со 23 и Данска со поскапување од 12 проценти.
Намалување на августовските цени на туристичките аранжманите на годишно ниво се бележат во само три земји членки на ЕУ и тоа Белгија од 7,0, Шведска од 5,6 и Шпанија од 0,1 отсто.
Свет
Прекинати медицинските активности што спасуваат животи во Газа, безбедносната состојба е влошена

Израелската офанзива во градот Газа ги принуди „Лекари без граници“ да ги прекинат своите основни медицински активности во областа поради брзо влошената безбедносна ситуација, објави синоќа меѓународната хуманитарна организација на својата официјална веб-страница.
– Ескалирачките напади од страна на израелските сили создадоа неприфатливо ниво на ризик за нашиот персонал, принудувајќи нè да ги прекинеме медицинските активности што спасуваат животи, соопшти невладината организација, додавајќи дека израелските воздушни напади и напредните тенкови се на помалку од еден километар од нејзините здравствени установи.
Координатор за итни случаи на „Лекари без граници“ во Газа, Џејкоб Гренџер наведе дека организацијата нема избор освен да ги прекине активностите бидејќи нејзините клиники се опкружени со израелски сили“.
– Тоа е последното нешто што го сакавме, бидејќи потребите во градот Газа се огромни, а најранливите луѓе – новороденчиња во неонаталните одделенија, луѓе со сериозни повреди и болести опасни по живот не се во можност да се движат и се во голема опасност, додаде Гренџер.
На 16 септември, израелската војска почна голема офанзива врз градот Газа, со цел да го уништи последниот голем бастион на Хамас.