Контакт

Вести

Огромен спектакл и бројни мировни активности на втората годишината од WARP Самитот во Сеул

Објавено пред

Втората годишнина од WARP Самитот во Сеул, која се одбележа во јужнокорејската престолнина периодот од 17-ти до 19-ти септември донесе огромен спектакл, како и бројни мировни активности во кои учествуваа преку илјада поранешни претседатели, меѓународни правни експерти и сегашни министри, религиозни лидери, женски лидери и младински претставници од 130 земји.
                                                                                                  

dobivaj vesti na viber

Втората годишнина од WARP Самитот во Сеул, која се одбележа во јужнокорејската престолнина периодот од 17-ти до 19-ти септември донесе огромен спектакл, како и бројни мировни активности во кои учествуваа преку илјада поранешни претседатели, меѓународни правни експерти и сегашни министри, религиозни лидери, женски лидери и младински претставници од 130 земји.

                                                                                                  

Во организација на јужнокорејската невладина организација „Небеска култура, светски мир“ (HWPL), централниот настан, односно мировниот фестивал беше одржан на Олимпискиот стадион во Сеул, каде имаше повеќе од 100 илјади гледачи и учесници во спектаклот посветен на ставањето крај на војните и светскиот мир.

Во своето обраќање по повод мировниот фестивал, претседателот на HWPL и светски познат јужнокорејски мировен активист, Ман Хи Ли порача дека начинот да се постигне светски мир е само преку поддршката за  Декларацијата за мир и ставање крај на војните.

„Да ги повикаме лидерите на државите и религиозните лидери да ја дадат својата поддршка за Декларацијата за мир и ставање крај на војните и да ни дозволат преку ова да ја потврдиме и нашата поддршка. Ова е начинот за да се сака светот и сите  луѓе во него, како што се и светлината, дождот и воздухот. Ова е вистинска политика и вистинска религија, ова е вистинска љубов и вистински мир“, порача лидерот на HWPL.

Претседателката на Меѓународната група на жени за мир (IWPG), Нам Хи Ким, пак, истакна дека во моментов е потребно сите светски лидери да се обединат и да ја дадат поддршка за оваа  Декларација, изработена од правни експерти ширум светот под покровителство на HWPL, и која нуди доста реални решенија за постигнување на светскиот мир.

„За да се забрза напредокот кон ерата на мирот, предлагам еден код на однесување за меѓународната заедница,  најпрво светските лидери да се обединат за мир и да ја поддржат Декларацијата за мир и ставање крај на војните. Второ, сите светски религии треба исто  така да се обединат и да ги надминат своите деноминации и доктрини за да постигнат мир. Трето, сите жени треба да станат дел од IWPG и IPYG (Меѓународната младинска  група за мир) во промовирањето на Декларацијата, и како четврто – треба да се имплементира мировна едукација ширум светот“, изјави Нам Хи Ким.

На настанот учествуваа и бројни претставници од балканските земји, а еден од нив беше и поранешниот хрватски претседател Иво Јосиповиќ, кој исто така повика на масовна поддршка за Декларацијата за мир и ставање крај на војните. „Декларацијата и сите огромни напори кои ги прават претставниците на HWPL се огромен придонес за мировното движење ширум светот. Оваа Декларација, која не само што беше претставена до светските лидери, туку и до светската јавност, ја зголеми свеста и потребата за ставање крај на војните и градење на мир ширум светот“, рече Јосиповиќ.

Косовската министерка за дијалог, Едита Тахири, пак, изјави дека мирот е од големо значење за сите народи во Балканот. „За оние како нас, кои никогаш повеќе не сакаат да видат војна и геноцид над своите луѓе, мирот има особено значење“, порача Тахири, повикувајќи ја публиката да заземе поактивна улога во ставањето крај на војните и започнувањето на ерата на мирот.

Еден од најважните моменти во тридневниот настан во Сеул беше кореографијата која се одржа за време на мировниот фестивал на Олимпискиот стадион, подготвена од скоро 12 илјади членови на IPYG, а за која подготовките траеја неполни пет месеци. Нивниот перформанс беше поделен на три дела: најпрво претставувањето на историја и ужасите од двете светски војни, потоа мировните активности на HWPL и на крајот мировното обединување на двете Кореи. Тридневниот настан во јужнокорејската престолнина донесе и бројни форуми и работилници посветени на кои учествуваа бројни претставници од владините, религиозните и граѓанските организации, а чии резултати беа претставени на затворањето на настанот./крај/мф/бс

 

 

 

 

 

 

 

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување

Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде...

Свет2 часа

Трамп: Иран нè контактираше за преговори

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека Иран побарал да започне разговори со САД, додека земјата се справува со...

Свет2 часа

Иранската револуционерна гарда му се закани на Трамп

Иранската револуционерна гарда јавно му се закани на Доналд Трамп поради неговото споменување на потенцијална американска воена акција против владата...

Свет3 часа

Телеграф: Лондон планира да испрати војници на Гренланд, Велика Британија: Тоа е поради Русија

Велика Британија вчера соопшти дека дискусиите со другите членки на НАТО за одбивање на руската активност на Арктикот се „рутински“,...

Македонија3 часа

Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Европа3 часа

Русите го замрзнуваат Киев, Зеленски: Ситуацијата е исклучително тешка

Повеќе од 1.000 станбени згради во Киев остануваат без греење по разорниот руски напад во петок наутро, соопштија локалните власти....

Македонија11 часа

(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и...

Македонија12 часа

(Видео) Мицкоски: Победата во Маврово-Ростуше е знак дека граѓаните наградуваат резултати, а кланот на Филипче доживува нов дебакл

„Денешниот изборен ден во четирите општини помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. И покрај тешките временски услови и одредени...

Свет15 часа

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет16 часа

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет23 часа

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет23 часа

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет23 часа

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет24 часа

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...

Свет1 ден

Вашингтон одржа „прелиминарни“ разговори за потенцијален удар врз Иран, објави Волстрит журнал

Американски официјални лица разговарале за планови за можни напади врз Иран, вклучувајќи потенцијални цели, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на...

Македонија2 дена

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија2 дена

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија2 дена

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија2 дена

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ2 дена

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...