Црна хроника
Косовски државјанин фатен при кражба од банкомат во Куманово

Полицијата утрово уапси косовски државјанин, кој сакал да ограби банкомат на една банка во Куманово.
Според информациите на МВР, денеска, во 4.15 часот, во Куманово, полициски службеници го уапсиле косовскиот државјанин А. М. (41) затоа што бил фатен при обид за извршување тешка кражба од банкомат на една банка на улицата 11 Октомври.
Во непосредна близина на местото бил пронајден автомобил „фолксваген голф“, со косовски национални ознаки. Во врска со случајот, а по телеграма од СВР Куманово, на граничниот премин Јажинце бил задржан и Б. Х. (39) од Косово и ќе биде спроведен во СВР Куманово. По целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсени три лица од Кочани на наплатната рампа Миладиновци: пронајдена дрога во возилото

Денеска(23.09.2025) околу 15.40 часот на наплатна рампа Миладиновци полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.С., Н.З. и М.А. сите од Кочани кои биле во патничко возило “поло” со кочански регистарски ознаки.
Кај нив била пронајдена и одземена кафена прашката материја.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Црна хроника
Малолетник нападнат во двор на средно училиште во Карпош

МВР информира дека вчера бил пријавен напад врз малолетник во двор на средно училиште на подрачјето на Карпош, Скопје.
Според пријавата, околу 13:15 часот неколку малолетници физички го нападнале ученикот, при што бил употребен и тврд предмет. Настанот го пријавил таткото на нападнатиот, К.Р. (40) од Скопје.
Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тепачка на паркинг кај „Мајка Тереза“ по сообраќајна несреќа

Вчера и околу 09:00 часот на паркинг простор во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, по претходно случена сообраќајна незгода, едно лице физички нападнало 39-годишен маж од с. Џепчиште, тетовско, информира МВР.
Настанот бил пријавен во 11:50 часот во СВР Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.