Македонија
ВМРО-ДПМНЕ почна со подготовка за локалните избори
Наместо да им помогне на оние што се погодени од кризата, власта разочара со досегашниот пристап, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по посетата на Старата скопска чаршија.
Од ова место, како што потенцираат од партијата, ВМРО-ДПМНЕ ја почнува подготовката за локалните ибори.
Преку разговорите со занаетчиите Мицкоски бил запознаен со нивната економска состојба.
„Занаетчиите ја пренесоа својата загриженост за моментната економска состојба во државата. Се разбира, ја споделија грижата и од последиците од пандемијата, кои самите ги чувствуваат, и за тоа како понатаму ќе се развива државата“, рече Мицкоски. Додаде дека проблемите на граѓаните се големи, а власта се обидува да прикаже розова слика додека реалноста, како што рече, е сосема поинаква.
„Реалното чувство на граѓаните, на стопанствениците, на занаетчиите, е сосема спротивно од она што се обидува Владата да ни го прикаже. Тука денеска почнуваме симболично, продолжуваме понатаму секој ден. Покрај ова, ќе имам состаноци и со комитетите на партијата, излегуваме на терен и очекуваме голема победа“, истакна Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

