Македонија
Институциите да реагираат за злоупотребата на 8,7 милиони денари од страна на Ристовски, порача ВМРО-ДПМНЕ
Разрешувањето на директорот на Театар „Комедија“ нема да го покрие фактот дека тој како кадар на СДСМ злоупотребил 8,7 милиони денари, потребна е институционална разврска веднаш, реагира ВМРО-ДПМНЕ по информацијата дека Министерството за култура го разрешило Сашо Ристовски од оваа функција, а на негово место назначена е Нора Шаќири.
„По којзнае кој пат испливаа на површина злоупотребата на власта и деградирањето на културата во Македонија. Поставувањето партиски директори на културните институции од страна на некомпетентните директори во земјата доведе само до некултура и пад на квалитетот граден со години. Таков е и случајот со Театар ‘Комедија’, каде што власта успеа да уништи уште една успешна приказна која беше создадена од нула. Од своето формирање во 2011 година театарот успеа да се наметне како со квалитет така и со популарност како сериозна институција, но тоа траеше сè до доаѓањето на СДСМ на власт, кога почна падот“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Опозициската партија наведува дека Ристовски извршил злоупотреба на од 8.734.486 денари државни пари за кои презел обврска, но за нив не обезбедил покритие.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

