Македонија
Регистрирани нови 407 заболени и седум починати од Ковид-19 во Македонија
Министерството за здравство информира согласно податоците од Инситутот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.540 тестирања, а регистрирани се 407 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 187, Кавадарци – 35, Велес – 28, Куманово – 18, Охрид – 18, Тетово – 17, Струга – 16, Делчево – 16, Прилеп – 12, Демир Капија – 7, Струмица – 5, Радовиш – 5, Гостивар – 4, Битола – 4, Кичево – 4, Гевгелија – 4, Неготино – 4, Крива Паланка – 4, Крушево – 4, Штип – 3, Кочани – 3, Кратово – 3, Свети Николе – 1, Дебар – 1, Ресен – 1, Берово – 1, Виница – 1 и Демир Хисар – 1.
Регистрирани се 399 оздравени пациенти од: Скопје – 242, Тетово – 22, Куманово – 20, Прилеп – 17, Битола – 15, Штип – 10, Велес – 9, Радовиш – 9, Гостивар – 9, Струмица – 8, Крива Паланка – 6, Кичево – 5, Гевгелија – 4, Пробиштип – 4, Дебар – 3, Богданци – 3, Кочани – 2, Свети Николе – 2, Валандово – 2, Кавадарци – 1, Струга – 1, Неготино – 1, Кратово – 1, Ресен – 1, Виница – 1 и Демир Хисар – 1.
Починати се 7 лица, два пациенти од Скопје (61 и 91г) и од Струмица (63 и 73г), по еден од Тетово (76г), Штип (59г), и Кочани (68г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Направените 2.540 теста се преку: ИЈЗ – 440, Биотек – 300, Авицена – 248, Систина-216, Жан Митрев (Филип Втори)-150, МАНУ-113, Лаор лабораторија –75, ЦЈЗ Скопје – 65, Синлаб – 55, ЦЈЗ Битола-48, Ремедика – 30, лабораторија болница Козле-18, Инфективна клиника – 3, Судска медицина – 1, ГАК-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – 772, УК Пулмологија со алергологија – 6, лаборатории од странство – 0.
Досега во земјата се направени вкупно 459.559 тестирања на Ковид -19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 93.160, бројката на оздравени пациенти е 82.520, на починати е 2.873, а бројот на активни случаи изнесува 7.767. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 40637, активни 3956
Куманово 5219, активни 341
Тетово 5133, активни 305
Прилеп 4575, активни 142
Гостивар 3629, активни 191
Штип 3508, активни 106
Битола 3235, активни 142
Велес 3129, активни 274
Охрид 2840, активни 389
Кавадарци 2647, активни 357
Струмица 2540, активни 244
Струга 2232, активни 176
Кочани 1728, активни 64
Кичево 1723, активни 123
Свети Николе 1081, активни 33
Гевгелија 999, активни 100
Неготино 970, активни 86
Дебар 767, активни 91
Ресен 743, активни 97
Крива Паланка 728, активни 35
Радовиш 712, активни 46
Делчево 635, активни 194
Берово 595, активни 37
Пробиштип 507, активни 28
Виница 492, активни 29
Валандово 325, активни 9
Македонски Брод 246, активни 12
Демир Хисар 245, активни 5
Кратово 232, активни 26
Богданци 225, активни 20
Демир Капија 214, активни 46
Крушево 212, активни 30
Македонска Каменица 190, активни 17
Пехчево 183, активни 10
Дојран 84, активни 6
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се оддалечуваме од Европа поради политиките на власта, му рекол Филипче на известувачот Томас Вајц
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.
Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.
„На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди“, велат од СДСМ.
Филипче нагласил и дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.
Воедно, Филипче порачал дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.
Македонија
За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.
Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.
Македонија
Дожд и облаци утре, постудено на почетокот на следната седмица
Времето утре ќе биде променливо облачно. Во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени, најавува УХМР.
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.

