Свет
Оксфорд и Астразенека: Нашата вакцина е ефективна 76 % три месеци по првата доза

Вакцината против Ковид-19 развиена од Оксфорд и Астразенека има ефективност од 76 проценти во првите три месеци од приемот на една доза, со поголема ефикасност по втората доза, покажаа резултатите од студијата.
Засега без стручен преглед, резултатите од испитувањето ја поддржуваат одлуката на Велика Британија да го продолжи временскиот интервал помеѓу двете дози на 12 недели, додава Универзитетот Оксфорд.
Велика Британија одлучи да вакцинира што е можно повеќе луѓе со првата доза со цел да добие барем малку заштита од вирусот, а Астразенека го поздрави овој потег, тврдејќи дека продолжувањето на интервалот помеѓу двете дози е најдобра стратегија.
Резултатите од клиничките испитувања на учесници на возраст меѓу 18 и 55 години во Велика Британија, Бразил и Јужна Африка покажаа дека ефективноста на вакцината е 76 проценти од 22 до 90 ден по првата доза и дека заштитата не ослабува во период од три месеци.
Со 12 или повеќе недели до втората доза, ефективноста се искачува на 82,4 проценти. Кога втората доза е примена помалку од шест недели по првата доза, ефективноста е 54,9 проценти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Претседателот на Сирија: Водиме индиректни преговори со Израел, сакаме да ја смириме ситуацијата

Сирискиот претседател, Ахмед ал Шара, изјави дека неговата влада води индиректни преговори со Израел за да ги запре израелските напади врз Сирија, пишува „Си-Ен-Ен“.
„Има индиректни преговори, преку посредници, со цел да се смири и да се ограничи ситуацијата, за работите да не стигнат до точка кога двете страни ќе ја изгубат контролата“, рече Ал Шара на прес-конференција во Париз, каде што се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон.
„Се обидуваме да разговараме со сите земји кои се во контакт со израелската страна за да извршиме притисок врз нив да престанат да се мешаат во сириските работи“, додаде тој.
Ал Шара рече дека целта е Израел да го почитува Договорот за одвојување од 1974 година, постигнат од Обединетите нации со Сирија и да се повлече на границата дефинирана со тој договор за да дозволи враќање на мировниците на ОН. Таа граница ја дели Сирија од Израел и окупираната Голанска Висорамнина, која Израел ја зазеде од Сирија во војната во 1967 година.
По падот на режимот на поранешниот претседател Башар ал Асад во декември, Израел зазеде повеќе територии во Сирија и изврши неколку напади за да спречи обнова на воениот капацитет и да ги искорени милитантните групи за кои вели дека може да ја загрозат нејзината безбедност.
Влегувањето на Израел на сириска територија првично беше опишано како привремено, но официјални лица подоцна објавија дека армијата ќе остане во Сирија на неодредено време.
Израел прогласи безбедна зона на југот на Сирија за заштита на Друзите, а вчера израелската полиција објави дека нивната гранична полиција за прв пат дејствува внатре во Сирија.
„Израелските интервенции го прекршија договорот од 1974 година. Откако пристигнавме во Дамаск, јасно им ставивме до знаење на сите релевантни страни дека Сирија е посветена на почитување на тој договор“, рече Ал Шара.
Ројтерс вчера објави дека Обединетите Арапски Емирати воспоставиле таен канал за преговори меѓу Израел и Сирија, повикувајќи се на неименувани извори. Се вели дека разговорите се фокусирани на безбедносни и разузнавачки прашања и градење доверба. Ал Шара ги посети ОАЕ минатиот месец.
Како што јави Си-Ен-Ен, Лана Нусеибех, помошник-министер за надворешни работи на ОАЕ за политички прашања, негираше дека нејзината земја посредува во преговорите меѓу Израел и Сирија. „Тврдењето дека ОАЕ „посредува во тајните преговори“ меѓу Сирија и Израел е целосно лажно. ОАЕ не се дел од таквите разговори“, рече таа.
Европа
Две години по крунисувањето, објавени се официјални портрети на кралот Чарлс и Камила

Две години по историската церемонија, објавени се официјалните портрети на крунисувањето на кралот Чарлс и неговата сопруга, кралицата Камила.
Портретите ги откриле самите крал и кралица, за време на посетата на Националната галерија во Лондон.
Портретите ќе бидат изложени таму еден месец, по што ќе бидат префрлени во Бакингемската палата, се вели во официјалното соопштение од палатата.
Свет
Селфи генерација во Ватикан: Најмладите кардинали кои учествуваат на конклавата

Вчера зад затворените врати на Систинската капела почна најголемата конклава во историјата на Католичката црква на која учествуваат 133 кардинали, а меѓу нив се и тројцата најмлади кои претходно споделија заедничко селфи.
Кардиналот Америко Мануел (51) од Португалија, кардинал Микола (45), украински грчко-католички кардинал со седиште во Австралија и кардинал Џорџо Маренго (50) од Монголија направија заедничко селфи во базиликата Свети Петар.
Селфито е направено на денот на погребната миса на папата Франциско на плоштадот Свети Петар, 26 април 2025 година.
Фотографијата ја сподели и новинарот Жан-Пјер Дени со друго селфи и натпис „Првата конклава на селфи генерацијата“.
На почетокот на конклавата, помладата генерација кардинали привлекува внимание. Од 133 кардинали, 15 се помлади од 60 години.