Македонија
Скопјанец уценувал девојка да му даде 1.500 евра за да не објави нејзини фотографии

Скопското Обвинителство поднесе обвинениe против 28-годишник за уцена.
Toј во периодот од 21 до 31 јануари преку мобилната апликација „Вибер“ побарал од една девојка да му даде 1.500 евра за да не објави нејзини фотографии и видеоклипови со компромитирачка содржина.
„На 31 јануари, по претходен договор, се сретнал со девојката во кафе-бар на плоштадот Македонија, каде што таа му предала парични средства во износ од 30.750 денари, односно 500 евра во денарска противвредност. Веднаш по преземањето на парите, обвинетиот бил приведен“, велат од МВР.
Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетото лице бидејќи постојат околности што упатуваат дека тој би можел да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Кино сала, театар: Aеродромци за првпат ќе добијат културен центар

Општина Аеродром го добива првиот мултифунционален центар каде аеродромци ќе можат да уживаат во концерти, кино-проекции, мултимедијални проекции, театарски претстави, ликовни изложби, конференции и голем број други настани, соопштија од општината.
Мултифунционалнит центар се наоѓа во непосредна близина на СЦ „Марко Божиновски“ во Ново Лисиче и ќе претставува место со кое ќе се збогати културниот и социјалниот живот на жителите.
Станува збор, како што појаснуваат надлежните, за целосна реконструкција и комплетно уредување на простор од околу 1500м2.
„Општина Аеродром со овој проект аплицираше на повикот на Владата и доби 99 милиони денари за првата фаза од реконструкцијата.
Со реконструкцијата овој простор ќе биде целосно оплеменет. Покрај главна сала – гледалиште, ќе опфаќа и фоаје, бифе и едукативни простори-работилници. Исто така, ќе биде изграден и лифт со што ќе се реши пристапноста до содржините на мултимедијалниот центар за сите категории граѓани.
Гледалиштето во главната сала ќе има над 240 места за седење и дополнителен ред прилагоден за лица со посебни потреби во колички.
Општина Аеродром го добива својот прв мултифункционален центар со поддршка од Владата и од Министерството за култура и тиризам. Овој проект е од круцијално значење, затоа што аеродромци за првпат ќе добијат културен центар, што ќе внесе посебен и нов импулс во нивниот културен-забавен живот“, се истакнува во информацијата.
Македонија
Од септември ќе се наплаќа паркирањето во Реонски и во Ново Лисиче, ЈП „Градски паркинг“ подготвен за бележење на зоните

Најдоцна од крајот на септември паркирањето ќе се наплаќа и во Реонски центар и во Ново Лисиче, каде сега паркирањето е бесплатно. Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, вели дека за да почне наплата се чека одобрување на проектот.
„Зонското паркирање го управува и менаџира ЈП Градски паркинг – Скопје меѓутоа во координација сме со нив. Зонското паркирање во Реонски центар ќе почне паралелно со зонското паркирање во Ново Лисиче. Општината изготви проект, се чека одобрување на проектот од Град Скопје и Министерството за внатрешни работи по што веднаш ќе се спремни за бележење и поставување на информативни табли. Очекувам дека во наредниот месец до два, најдоцна до крајот на септември дека ќе почне да функционира во Ново Лисиче и во Реонски центар“, рече денес градоначалникот Митески.
Жителите на Ново Лисиче и Реонски центар бараа едновремено да почне наплата на паркирањето за да се избегне трупање во возила на местото во кое подоцна ќе биде воведено зонското паркирање. Тие постојано се жалат дека паркирањето во овој дел од градот станува невозможно за резидентите оти на паркинзите пред зградите паркираат и автобуси и комбиња и автомобили на луѓе кои работат во други општини во Скопје, каде што паркингот се наплаќа.
Македонија
Изминатиов викенд 1.148 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава

Во деновите од изминатиот викенд (26./27.07.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1148 издадени платни налози 128 прекршоци се однесуваат на возачи кои што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола, а пак кај 115 возачи при извршен алкотест било утврдено недозволено количество алкохол и тие се исклучени од сообраќај, додека 46 возачи на моторцикли се санкционирани заради неносење на заштитен шлем.
Инаку согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата дури 458 прекршоци во текот на викендот се однесуваат на непочитување на пропишаната брзина на движење, 175 за недозволено паркирање, додека пак прекршочно се казнети уште 28 лица кои некористеле сигурносен појас, 17 заради користење мобилен телефон при возење, тројца возачи минале на црвено светло, а прекршочни санкции добиле и двајца пешаци и тројца возачи на електричен тротинет.
Исто така, согласно Законот за возила, 31 возило било отстрането заради тоа што биле нерегистрирани, а три возила се исклучени заради техничка неисправност.
„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР..