Контакт

Македонија

(Видео) Бочварски: Годинава почнуваме со градба на гасоводот од Неготино до Гевгелија

Објавено пред

До средина на оваа година ќе извадиме одобрение за градење, а до крајот на годината, може и порано, да распишеме тендер за изградба на магистралниот гасовод од Неготино до Гевгелија, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, при денешната работна посета на општина Гевгелија.

dobivaj vesti na viber

Министерот додаде дека проектот е готов, за него има одобрение од Министерството за животна средниа и заедно со Националните енергетски ресурси се работи за побрза изградба на оваа магистрална делница.

„Во делот на плановите за изградба на магистралниот гасовод од Гевгелија до Неготино имаме готов проект и моите очекувања се дека во текот на летниот период ќе извадиме одобрение за градење и до крајот на годината да објавиме тендер. Се работи за проект за изградба на гасовод во должина од 68 километри, со што ова е уште еден чекор за поврзување со интерконекторот со Грција. Во меѓувреме, општините да работат на секундарната мрежа и преку НЕР заедно да ги надминене сите проблеми со кои се соочуваат. За мене, значајно е што во текот на оваа година завршуваат гасоводите од Неготино до Битола и од Скопје до Гостивар“, изјави министерот за транспорт и врски.

Македонија

Казнета струмичка кланица, испуштала крв во река

Објавено пред

Од

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), утрово спроведоа вонреден инспекциски надзор по вчера вечер објавената информација на социјалната мрежа Фејсбук дека струмичка кланица, преку цевка, директно испушта крв во река.

dobivaj vesti na viber

Со надзорот утврдено е дека операторот постапува спротивно на законските одредби за нештетно отстранување на нус производи.

Кланицата е казнета со парична казна од две илјади евра во денарска противвредност, а одговорното лице во правното лице со 400 евра во денарска противвредност.

„Наредено е доследно спроведување на законските процедури за отстранување на нус производи од животинско потекло од категорија 3 (крв од животни заклани во кланица кои не покажуваат знаци на болест). Крвта како нус производ од колењето животни ( нус производ од категорија 3), согласно законските и подзаконските акти кои ја уредуваат оваа материја, треба да се отстрануваат со претходно одвојување и собирање во посебно место“, соопшти АХВ.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Судскиот совет ја обелодени вистината – за нив животот на Теодора вреди две години затвор

Објавено пред

Од

Парасистемот на СДС и ДУИ во судството ја гази правдата и ја урива државата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Судскиот совет денес ја обелодени вистината – за нив, животот на Теодора вреди две години затвор. Тоа е нивната „правда“. Срамна, понижувачка и целосно дискредитирана. Да биде појасно: сите членови на овој Совет се избрани од СДС и ДУИ, во времето на Заев и Филипче. Тоа е нивниот Совет. Нивната мрежа. Нивниот инструмент за заштита на своите и покривање на криминалот“, велат од партијата.

Ова не е изолиран случај, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, ова е дијагноза на системот – болен, трул, партизиран до коска.

„Судии кои не се водат од закон, туку од партиска лојалност. Совет што не штити правда, туку крие срам. Кога велиме „калуѓери што мрсат и во петок“, мислиме на лицемерие без граници. Морален распад. Луѓе без срам кои носат одлуки со кои се убива надежта дека правдата постои. Но нема да остане така. Овој систем ќе падне. Ќе има независен судски систем, ќе има правда. Ќе има одговорност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Македонија

МВР со апел: Не отворајте линкови од сомнителни мејлови и не давајте податоци на сомнителни веб-страни

Објавено пред

Од

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Секторот за компјутерски криминал активно презема мерки за истраги и справување со phishing (фишинг) напади, кои имаат за цел да ги измамат граѓаните и да ги добијат нивните лични или финансиски податоци.

dobivaj vesti na viber

Фишинг – нападите најчесто се изведуваат преку лажни електронски пораки, веб-страници или пораки на социјалните мрежи, кои изгледаат како да доаѓаат од доверливи извори, како што се банки, државни институции или познати компании.

Од МВР информираат дека е забележана појава на достава на лажни фактури за уплата на парични средства на електронските адреси на вработени во правни лица кои се овластени за истото, во име на управителите на правните лица, но од лажни електронски адреси.

МВР апелира до граѓаните да не се отвораат линкови или прилози од сомнителни е-пораки, да се проверува адресата на испраќачот – официјалните институции и компании користат службени домени, да не се внесуваат лични податоци (кориснички имиња, лозинки, броеви на платежни картички) на сомнителни веб-страници, да се користи двофакторска автентикација (2FA) за дополнителна заштита на сметките.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија20 минути

МВР со апел: Не отворајте линкови од сомнителни мејлови и не давајте податоци на сомнителни веб-страни

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Секторот за компјутерски криминал активно презема мерки за истраги и справување со...

Македонија3 часа

Уште еден пациент од Бугарија се враќа дома, во странство остануваат да се лекуваат уште 55 повредени

Министерството за здравство информира дека денеска се враќа еден пациент, кој беше на лекување во Бугарија. Во странство во моментот...

Македонија3 часа

Истрага за 43 лица за измами со брзи кредити: осомничен и службеник во ФЗО

Основното јавно обвинителство Скопје денеска соопшти дека поведува постапка против вкупно 43 лица, кои со разни дејства на компјутерски измами,...

Македонија5 часа

Изгаснат пожарот спроти Клиничкиот центар во Скопје, изгоре возило

Изгаснат е пожарот спроти Клиничкиот центар во Скопје. Во пожарот изгоре возило, а густиот чад се гледаше и од центарот...

Македонија7 часа

Продолжува потрагата по исчезнатото лице од село Степанци, ќе се вклучат и извидници и ловци

Потрагата по исчезнато повозрасно лице од село Степанци во општина Штип продолжува, кое е пријавено за исчезнато на 7.4.2025 година...

Македонија7 часа

ДУИ го осуди именувањето на Богојевски за раководител на Агенцијата за европски образовни фондови: Ова е провокација

„Демократската унија за интеграција најостро ја осудува одлуката на Владата за именување на Петар Богојевски за раководител на Агенцијата за...

Македонија7 часа

Политика, мито и корупција има зад пресудата за смртта на Теодора, оценува семејството Ристовски

Семејството на Теодора Ристовска која беше смртно прегазена во 2022 година иразува благодарност до јавноста, медиумите и премиерот Христијан Мицкоски...

Свет8 часа

Бројот на загинати во уривањето на покривот на ноќниот клуб „Џет сет“ се искачи на 184

Бројот на загинати во уривањето на покривот во ноќниот клуб „Џет Сет“ во Санто Доминго се искачи на најмалку 184,...

Свет9 часа

Кина со години се подготвува за царините на Трамп, вели уредник на „Економист“

Кина внимателно и долгорочно се подготвуваше за царините од Вашингтон и има низа краткорочни и долгорочни контрамерки, тврди Дејвид Рени,...

Свет9 часа

Трамп: Ако пропаднат преговорите со Иран, ќе следува воена акција

Американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрли можноста за исклучување воена интервенција против Иран, додека високи американски претставници се подготвуваат за...

Свет9 часа

Америка тврди дека го почитува суверенитетот на Панама во Панамскиот Канал

Соединетите Држави го почитуваат суверенитетот на Панама во Панамскиот канал, изјавија панамскиот министер Френк Абрего и американскиот министер Пит Хегсет...

Свет9 часа

Трамп: Кинескиот претседател е еден од најпаметните луѓе во светот, тој точно знае што треба да направи

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ќе паузира некои од своите нови царини на 90 дена и дека дополнително...

Свет9 часа

Макрон: Франција би можела да ја признае Палестина

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Париз може да ја признае палестинската држава во јуни, додавајќи дека за возврат некои...

Свет18 часа

Трамп зборуваше за одлуката да ги стопира царините три месеци: „Луѓето стануваа малку нервозни“

Претседателот на САД, Доналд Трамп рече дека последниве денови го следел пазарот на обврзници и укажа дека тоа било еден...

Свет21 час

Трамп ги стопира царините на 90 дена за сите освен за Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп штотуку објави дека ги суспендира царините на 90 дена за сите, освен за Кина. „Врз основа...

Свет22 часа

Германија го укинува забрзаното доделување државјанства, го ограничува и бројот на работници од Западен Балкан

Денес формираната владејачк црно-црвена коалиција на конзервативните демохристијани и социјалдемократите на Германија се согласила во коалицискиот договор да го откаже...

Македонија1 ден

(Видео) Кажале дека бараат часовник што го изгубил затвореник додека си играл со кучката Цеца, а барале кокаин и марихуана во топка, кривични за штипски затворски полицајци

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, поднесе кривични пријави против неколкумина затворски полицајци од затворот во Штип...

Македонија1 ден

Определен 30 дена притвор за директорот на Геријатрија

Судот им определи 30 дена притвор на директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, Мухсин...

Македонија1 ден

ССМ на состанок во Владата: Дојдовме да им кажеме на функционерите дека треба да живеат на минималец ако не ги зголемат платите

Делегација од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) точно напладне влезе на состанок со претставници од Владата. Претседателот на ССМ,...

Македонија1 ден

Четворица од повредените лица во пожарот во Кочани денеска се враќаат од странство

Министерството за здравство информира дека денеска се враќаат четворица од повредените лица во пожарот во Кочани, кои се лекуваа во...