Спорт
Андреа Лекиќ по 10 години повторно во редовите на Крим
Српската ракометарка Андреа Лекиќ која остави длабока трага во шампионската генерација на ЖРК Вардар по цели 10 години повторно се враќа во Словенија, ќе го засили нејзиниот поранешен клуб Крим.
Една од најдобрите светски ракометарки на позиција среден бек вториот мандат во словенечката екипа ќе го започне од летоска.
„Среќна сум што се враќам во Љубљана, тука се чувствувам како дома. Крим има високи цели и ќе дадам се од себе заедно да стигнеме до нив“ изјави Лекиќ за сајтот на клубот.
Минатото лето Лекиќ ги засили редовите на Будуќност од Подгорица, но на почетокот на декември лани на ЕП во данска ја заврши сезоната поради тешка повреда на Ахиловата тетива.
Крим повторно прави респектабилна екипа. Покрај Лекиќ, клубот го засилуваат и пикерот Драгана Цвијиќ, а на голманската позиција ќе биде репрезентативната „единица“ на Бразил, Барбара Аренхарт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид
Тенисерката број еден во светот Ига Швјонтек ја освои титулата на Мастерсот во Мадрид. Таа во финалето ја победи Арина Сабаленка во три сета. За Швјонтек ова е 20-та титула во кариерата, а прва во Мадрид.
Резултатот по три часа и 14 минути борба беше 5:7, 6:4, 7:6 (9:7).
Спектакуларниот меч на двете најдобри во светот, кулминација доживеа во тај-брејкот во третиот сет кој Швјонтек го доби со 9:7.
Спорт
(Видео) Барди погоди од слободен удар
Енис Барди постигна гол за Трабзон, но неговиот клуб доживеа пораз од Самсин 3:1.
Капитенот на македонската репрезентација, во 32.минута погоди од слободен удар, ја намали предноста на 2:1, но само четири минути подцна Фернандес со авто-гол го постави конечниот резултат.
На три кола до крајот на сезоната, Трабзон се наоѓа на третото место со 58 бода, четири повеќе од Бешикташ. Доколку остане на третото место, Трабзон наредната сезона ќе се натпреварува во Лига Европа.
👌🏻👌🏻👌🏻 Trabzonspor 🔥Enis Bardhi pic.twitter.com/hnuPvPkxks
— 61post (@61post) May 4, 2024
Спорт
Тежок пораз на МЗТ од Спартак во Суботица
Македонскиот шампион МЗТ Скопје и наредната сезона ќе се натпреварува во Втората АБА лига. МЗТ, вечерва доѓивеа убедлив пораз на гостувањето кај најдобриот тим во регуларниот дел од сеозната, Спартак Суботица.
МЗТ имаше мали шанси да го изненади фаворизираниот противник, кој во Скопје победи со пет поени разлика. Но ниту најголемите песимисти не очекуваа дека македонскиот шампион ќе доживее тежок пораз.
Спартак сите дилеми, ако воопшто и ги имаше, ги реши во првото полувреме. Екипата од Суботица реализираше 80 отсто од шутевите за три поени во првиот дел (8/10) и на пауза замина со резултат 57:32.
Вториот дел беше само одработување на започнатото за Спартак кој славеше со 98:64.
Спартак за место во АБА лигата ќе се бори со Војводина.