Свет
„Џонсон и Џонсон“ побара одобрување на вакцината во САД

Компанијата „Џонсон и Џонсон“ потврди дека побарала одобрување на вакцината против коронавирусот од американските здравствени регулатори додавајќи дека во следните недели ќе побара одобрување и во Европската Унија.
„Џонсон и Џонсон“ поднесе барање за одобрување на вакцината до Управата за храна и лекови на САД (ФДА) откако на крајот на јануари објави извештај дека нејзината вакцина е ефикасна во спречување на коронавирусот во 66 проценти од случаите.
Тоа е вакцина со една доза, што може да го забрза снабдувањето со вакцини и да ја поедностави кампањата за вакцинација во САД. За разлика од вакцината на „Фајзер“, вакцината на „Џонсон и Џонсон“ не треба да се замрзнува за време на дистрибуцијата.
Пол Стофелс, главен научник на „Џонсон и Џонсон“, минатиот месец објави дека вакцината може да се дистрибуира во март.
„Кога ќе добиеме одобрение за нашата вакцина, подготвени сме да ја испратиме“, рече Стофел.
Компанијата објави дека во следните недели ќе испрати барање за условно одобрување на вакцината и до Европската агенција за лекови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Се урна станбен блок во Индија

Четири лица загинаа, а уште 10 се водат за исчезнати откако денеска се урна повеќекатен станбен блок во близина на Њу Делхи, јавија индиските медиуми повикувајќи се на полицијата.
Според извештаите, спасени се 14 лица. Блокот се урнал во Мустафабад во североисточниот дел на државата Делхи. Ограничените услови ја попречуваат спасувачката работа, изјави портпаролот на Националните сили за одговор при катастрофи.
Причината за уривањето се уште не е позната. Локалните медиуми јавуваат дека неодамна биле извршени градежни работи во приземјето на зградата.
Главниот министер на Делхи, Река Гупта нареди истрага за инцидентот.
Свет
Во сообраќајка загина поранешен хрватски фудбалски репрезентативец и играч на фудбалскиот клуб Динамо

Во тешка сообраќајна несреќа, што се случи во Карловац, загинаа 2 лица, меѓу кои и поранешниот хрватски фудбалски репрезентативец и играч на фудбалскиот клуб Динамо, Никола Покривач, јавуваат хрватските медиуми.
Полицијата во краткото соопштение наведува дека несреќата се случила на обиколницата Турањ и дека во неа учествувале 4 патнички возила.
Три лица се пренесени на лекување во медицинска установа.
Свет
Русија и Украина денеска треба да разменат затвореници

Русија и Украина денеска треба да разменат затвореници, а посредник во договорот повторно се Обединетите Арапски Емирати, соопштил извор запознаен со преговорите.
Ќе бидат разменети вкупно 492 војници – 246 од двете страни, како и уште 46 ранети украински војници.
За време на војната Русија и Украина со посредство на ОАЕ веќе разменија вкупно 3.233 воени заробеници