Македонија
Мицкоски: Пописот да се спроведе напролет в година
Пописот треба да се спроведе пролетта 2022 година, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Попис треба да има пролетта 2022 година, во март или април. До тогаш ќе имаме фингер принт-терминали, кои веќе ќе бидат искористени на локалните избори. Доколку сега сакаат, имаат можност да направат електронски попис со точност од 5 отсто, односно да попишат 95 отсто од населението, а само 5 отсто да го посетат. Доколку некој се грижи за иднината на државата, ќе нè послуша“, рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања.
Мицкоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш не била за бојкот на пописот, а пред два дена почнале со иницијатива за собирање потписи за поднесување закон во рамките на Собранието за укинување на Законот за пописот. Иницијативата денеска е стигната во Собранието.
„Мислиме дека ова ќе биде политички попис, нема да биде статистичка, туку политичка операција со договорени проценти“, рече Мицкоски.
Тој потенцира дека ставот на нивната партијата е здравјето на граѓаните, пред сè, и порача дека треба да има одложување на пописот или, пак, електронски попис.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Непречен сообраќај низ државата, по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претпладне повремени врнежи од дожд, локално пообилни, попладне врнежите ќе престанат
Претпладне претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни и поројни со услови за појава на ретки грмежи. Попладне врнежите ќе престанат, а облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд, локално пообилни. Попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник ќе има локални врнежи од дожд со послаб интензитет и ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Потоа во следните два дена времето ќе биде стабилно со постудени утра, а локален дожд повторно се очекува во петок кон крајот на денот
Македонија
Максим Димитриевски најави нова детска градинка за 400 деца и целосна изградба на улицата АВНОЈ
Градоначалникот на Куманово и кандидат за нов мандат – Максим Димитриевски најави нов голем капитален објект – изградба на детска градинка во населбата Зелен Рид. Со која ќе се излезе во пресрет на потребите на жителите на оваа населба, но и пошироко. На локација за која во минатото биле издвојувани големи износи на финансии како отштета за поранешните сопственици на земјиштето.
„Дојде време денес да се обезбедат средства со кои ќе се изгради нова детска градинка за повеќе од 400 деца. Исто така, целосно урбано ќе се среди целиот простор околу, со што дополнителнои ќе се придонесе за облагородување на изгледот на оваа населба“, нагласи Димитриевски.
Паралелно со ова, Димитриевски најави дека во план е и изградба и довршување на сите краци од улицата АВНОЈ, како и целосно поставување на фекална канализација, со што дефинитивно ќе се надмине деценискиот проблем за жителите што живеат во тој дел на Куманово. „За сите проекти се обезбедени средства од Владата и во следниот период општината ќе ги реализира целосно“, порача Максим Димитриевски.
Тој ги повика граѓаните да му ја дадат поддршката и во вториот круг за Куманово да продолжи да расте и да се развива.

