Спорт
Два гола на Пандев – Џенова го победи Наполи

Фудбалерите на Џенова забележаа голема победа над Наполи во 21.коло, во Серија А. Головите во победата 2:1 за Џенова ги постигна Горан Пандев. Капитенот на македонската репрезентација одигра 67 минути, додека неговиот колега од репрезентацијата Елиф Елмас го одигра целиот натпревар за Наполи и во 93.минута не успеа да реалзира голема шанса за израмнување.
Горан Пандев, против Наполи, дојде до бројката од 96 гола во Серија А. Оспина го совлада во 10. и 27.минута. Капитенот на Македонија сезонава има постигнато три гола. Пандев, вечерва, стана највозрасниот фудбалер, во Топ 5 првенства во Европа, кој во една сезона забележал најмалку два гола и две асистенции.
Наполи, во второто полувреме жестоко притисна, но успеа само да постигне почесен гол, преку Политано во 79.минута.
Елмас имаше голема шанса во 93.минута, а 60 секунди подоцна, Наполи не добија пенал по дуелот на Марио Руи и Скамака.
Џенова со овој триумф скокна до 11.место на табелата, со 24 бода, додека Наполи останаа на петтото место со 37 бода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Милан на заем го бара Расмус Хојлунд

Милан се повлекол од преговорите со Душан Влаховиќ, тврдат италијанските медиуми, откако во клубот решиле да се насочат кон напаѓачот на Манчестер јунајтед, Расмус Хојлунд.
Манчестер јЈунајтед побарале 40 милиони евра за неговиот трансфер, но поради сè поизвесното доаѓање на Бенјамин Шешко во редовите на „ѓаволите“, се чини дека Англичаните се подготвени да ја намалат цената.
Милан наводно прво би го позајмил Хојлунд со опција да го откупи на крајот од сезоната. Покрај тоа, Данецот би прифатил плата од шест милиони евра, што е два пати помалку од сумата што ја бара Влаховиќ.
Затоа Милан одлучи да ги прекине преговорите со Јувентус и да се фокусира на доведување на Хојлунд. Данецот нема да има ништо против да се врати во Италија, бидејќи пред Јунајтед играше за Аталанта.
Спорт
Барселона им забрани пристап на навивачи на осум клубови

Кошаркарскиот клуб Барселона објави дека навивачите на осум клуба повеќе нема да можат да купуваат билети за натпреварите од Евролигата со Каталонците.
Барселона, вчера, започна со продажба на индивидуални билети за натпреварите од Евролигата. Јасно е дека гостински навивачи во „Блауграна“ нема да има на осум од 19 натпревари во претстојната сезона.
Управниот одбор на Барселона одлучи дека само членовите на клубот ќе можат да купуваат билети за натпреварите, сето тоа со цел „да се намалат непријатностите за домашните навивачи кога се домаќини на клубови кои имаат голем број навивачи кои патуваат“.
Партизан и Црвена Звезда се на самиот врв на листата на клубови на чии навивачи им е забранет пристап во „Блауграна“, по што следат Хапоел Тел Авив, Панатинаикос, Олимпијакос, Ефес, Фенербахче и Жалгирис.
Интересно е што Хапоел е на листата, а не Макаби, кој исто така има голем број навивачи кои одат на гостувања, и покрај војната во Израел.
Секој навивач што ќе сака да биде во салата за некој од овие натпревари, или пак на сите, треба да се најави како член на веб-страницата на Барселона. Секој член може да купи колку што сака билети, дури и ако луѓето со кои присуствува на натпреварот не се членови, но при купувањето мора да се согласи да не ги злоупотребува правилата.
Одлуката на администрацијата на Барселона исто така значи дека доколку навивачите на споменатите осум клуба се појават во салата, тие можат да бидат упатени кон излезот во секој момент.
Новата сезона во Евролигата започнува на 30 септември, кога Барселона е домаќин на Хапоел. Каталонскиот клуб ќе го игра својот прв домашен натпревар на 10 октомври, кога ја пречекува Валенсија.
Спорт
Експресен демант од Нови Пазар: Не преговараме со Перишиќ

Како гром од ведро небо, доцна синоќа одекна веста на српски „Телеграф“ дека Иван Перишиќ е во преговори со фудбалскиот клуб Нови Пазар.
„Менаџерот на фудбалерот е во напредна фаза од преговорите со Нови Пазар, каде што треба да го замени Адем Љајиќ, кој ќе ја продолжи кариерата во Сараево. Перишиќ веќе бил во Србија, станува збор за бизнис што вклучува повеќемилионски суми. Трансферот би можел да биде завршена во наредните денови“, овајави „Телеграф“.
На оваа информација експресно реагираа челниците на фудбалскиот клуб Нови Пазар. Демантираа дека клубот не преговара со прославениот хрбатски фудбалер.
„ „Нема ни В од вистината“, кратко искоментираа од клубот.
Во својата кариера, Перишиќ играл за Клуб Бриж, Борусија Дортмунд, Волфсбург, Интер, Баерн, Тотенхем, Хајдук и ПСВ.
Момчето од Сплит одигра 144 натпревари за Хрватска и постигна 36 гола.