Македонија
Променливо облачно со температура до 19 степени

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно со повеќе сончеви период во северните делови. Претпладне понекаде во котлините ќе има услови за појава на магла. Ќе дува умерен, а попладне особено долж Повардарието повремено засилен јужен ветер. Кон крајот на денот во западните делови ќе започнат врнежи од дожд кои ќе продолжат преку ноќта. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степена.
Во Скопје наутро ќе биде магливо, а преку денот променливо облачно со слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне 14 степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Околу половина час се чека на Богородица и Табановце

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна време на чекање на Богородица 20-30 минути, на Табановце 20-30 минути, на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
(Видео) Мицкоски е виновен што на Македонија повторно и се оспорува идентитетот и јазикот, вели Филипче

Доколку македонскиот јазик биде тргнат од Извештајот на ЕУ виновен ќе биде само Христијан Мицкоски кој ја отвори дебатата за македонскиот јазик во Европскиот парламент за прашање кое беше затворено. Вчера вечер Венко Филипче од граѓанската трибина „Мугра на слободата“ обвини дека за една година ВМРО-ДПМНЕ сите победи на СДСМ ги претвори во пораз.
„Последниот пораз најмногу боли. Очигледно македонскиот јазик ќе биде тргнат од извештајот на ЕУ. Заради теснополитички интереси тој одново Мицкоски ја отвори дебатата за македонскиот јазик во Европскиот парламент, прашање кое беше затворено, а јазикот дефиниран како единствен Македонски јазик на Македонскиот народ. Мицкоски не може да го впери прстот кон никого за поразот кој Македонија одново го доживува во Брисел. Токму тој и неговиот пријател Андреј Ковачев со кого заеднички работат на блокирање на европската перспектива на македонските граѓани се виновни за оваа состојба“, рече Филипче.
Притоа тој потсети дека СДСМ е таа која ја извојува победата во Брисел со потпишување на договорот за ФРОНТЕКС на чист, единствен и признаен македонски јазик без никакви придавки, фусноти и ѕвездички.
„Тоа беше јасна победа за Македонија и граѓаните која Мицкоски никогаш не ја призна во опозиција. Тој беше разочаран заради тоа, молчеше и не се радуваше, сега е јасно зошто. Во услови кога нема со ништо што да се пофали за една година власт, Мицкоски реши победата да ја претвори во пораз поради негови лични интереси и поради потреба за политичка кампања. За жал, ваквото врховистичко однесување на Мицкоски, потпомогнат од Андреј Ковачев и пратениците на ЕПП во Европскиот Парламент сега е анулирана, а Македонија а на Македонија повторно и се оспорува идентитетот и јазикот“, заклучи Филипче.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затврач (шибер) Ф 80мм. на булевар Партизански Одреди бб. позади СЈО со прекинато водоснабдување ќе биде дел од булеварот Партизански Одреди позади СЈО во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.