Македонија
199 нови случаи на Ковид- 19, починаа 8 лицa
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 1846 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 80, Охрид – 19 , Кавадарци -19, Тетово -14 , Прилеп – 13, Куманово – 9, Гостивар и Велес по 7, Струмица и Гевгелија по 6, Битола и Струга по 5, Свети Николе, Ресен и Делчево по 2, Штип, Кочани и Кратово по 1.
Регистрирани се 264 оздравени пациенти од: Скопје – 111, Охрид -66, Струга -35, Куманово и Велес по 9, Берово – 6, Пробиштип – 5, Битола -4, Кочани, Свети Николе, Крива Паланка и Радовиш по 3, Тетово, Штип, Кавадарци, Струмица, Кичево, Дебар и Кратово по 1.
Пријавени се вкупно 8 починати лица. Починати се двајца пациенти од Кочани (74, 70), по еден смртен случај е регистриран од Скопје (76), Ресен (88), Кавадарци (77), Гостивар (70), Гевгелија (63) и Битола (65). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Направените 1846 теста се преку: ИЈЗ-411, ЦЈЗ Скопје-50, Авицена-224, Биотек-156, Жан Митрев (Филип Втори)-64, Систина-243, лабораторија Лаор–269, МАНУ-75, Судска медицина-2, ЦЈЗ Битола-67, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, ГАК-0, Синлаб-15, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 270, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, лаборатории од странство-0.
Досега во земјата се направени вкупно 470.691 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 94.798, бројката на оздравени пациенти е 83.999, на починати е 2.924, а бројот на активни случаи изнесува 7.875.
Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 41416, активни 3979
• Куманово 5274, активни 313
• Тетово 5196, активни 319
• Прилеп 4636, активни 177
• Гостивар 3661, активни 192
• Штип 3528, активни 97
• Битола 3269, активни 148
• Велес 3183, активни 249
• Охрид 2933, активни 404
• Кавадарци 2760, активни 402
• Струмица 2578, активни 234
• Струга 2276, активни 180
• Кочани 1748, активни 62
• Кичево 1736, активни 109
• Свети Николе 1090, активни 33
• Гевгелија 1039, активни 122
• Неготино 991, активни 87
• Дебар 775, активни 83
• Ресен 756, активни 89
• Крива Паланка 739, активни 37
• Радовиш 730, активни 54
• Делчево 665, активни 218
• Берово 606, активни 34
• Пробиштип 515, активни 26
• Виница 499, активни 30
• Валандово 330, активни 11
• Демир Хисар 252, активни 11
• Македонски Брод 247, активни 11
• Кратово 238, активни 24
• Богданци 226, активни 17
• Демир Капија 224, активни52
• Крушево 220, активни 37
• Македонска Каменица 192, активни 18
• Пехчево 183, активни 7
• Дојран 87, активни 9
• Вкупно 94798, активни 7875
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Максо е платеник на ВМРО кој за свои лични и бизнис интереси со ЗНАМ сакаше да го уништи СДСМ одвнатре, велат од СДСМ
Максим Димитриевски – Максо го гледаме како кука по телевизија, како да не е дел од криминалната власт, велат од СДСМ.
„Максо е платеник на ВМРО кој за свои лични и бизнис интереси со ЗНАМ сакаше да го уништи СДСМ одвнатре, но не му успеа.
Очигледно сега, кога граѓаните знаат дека бил кукавичко јајце и дека ЗНАМ како партија повеќе нема никаква поддршка од граѓаните, бара да си ги наплати своите „заслуги“ за ВМРО-ОКГ.
Дури Максо зборува и за Груби, дека е дома, во куќен притвор, а неговиот шеф Мицкоски стои позади тој дил.
Што глуми Максим Димитриевски?
Или не му дале некој нов тендер па мора малку да плаче по телевизија за да го добие?
Како оној во Пошта, од 1,2 милиони евра што го доби фирма блиска до ЗНАМ во време кога вработените не можат навреме ниту плата да поделат“.
Максим, додаваат од опозициската партија, е познат по тоа што јавно призна дека не живее од плата.
„Затоа не мисли тој на работниците и тоа што тој и неговата влада одбиваат да им ја покачат минималната плата на 600 евра.
За тоа не се жали Димитриевски, не знае што е плата и како е да се преживее од први до први во месецот, како што се мачат над 200 илјади работници.
Сè е приватен бизис во тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ, никој од нив не живее од плата, само од тендери“.
Македонија
Општина Аеродром објави јавен повик за доделување признанија за особени достигнувања
Општина Аеродром објави јавен повик за доделување признанија за особени достигнувања во областа на науката, уметноста, спортот, образованието и заштитата на животната средина.
Признанијата се доделуваат за остварувања во претходната и тековната година, како и за подолг период на работа и творештво, вклучително и постхумни награди.
„Кандидатите можат да се пријават лично или да бидат предложени од правни и физички лица.
Рокот за поднесување пријави е седум работни дена од денот на објавувањето на повикот.
Пријавите се доставуваат по пошта на адреса: Општина Аеродром, бул. „Јане Сандански“ 109Б, 1000 Скопје, или лично во архивата на Општината, секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот.
Подетални информации и потребните обрасци се достапни на: http://aerodrom.gov.mk/vest/9566“.
Македонија
Сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, велат од МНР
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473 македонски државјани контактирале со дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во Тел Авив, Доха и Абу Даби.
Од нив, 19 лица се пријавени од Израел, 106 од Катар, додека 348 граѓани се обратиле до ДКП Абу Даби. Во оваа бројка се вклучени и 18 лица од Кувајт, како и 12 лица од Бахреин.
Согласно информациите добиени од надлежните власти, сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати. Евакуацијата ќе биде отпочната во првата безбедна прилика, при што веќе се разгледуваат можностите за нивно безбедно извлекување веднаш штом се создадат соодветни услови.
Во однос на македонските државјани кои се наоѓаат во Тел Авив, Министерството активно ги разгледува можните алтернативи за нивно безбедно извлекување од државата.
„Уште еднаш апелираме до македонските државјани редовно да ги следат предупредувањата и насоките на локалните надлежни органи. На 24-часовно располагање остануваат дежурните телефонски броеви на кризниот штаб при Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како и контактите на дипломатско-конзуларните претставништва“, велат од МНР.

