Македонија
(Видео) Заев: СДСМ се менува, приклучете се на социјалдемократското семејство
„СДСМ ја ужива довербата од граѓаните, победува но и постојано се менува, се подобрува. Ние се менуваме за подобро да им служиме на граѓаните, на нашата заедничка татковина.Само реформирана, демократска партија која постојано се унапредува, се менува на подобро, којашто се унапредува и се подобрува во секојдневното свое работење може да ги менува на подобро и работите во земјата“, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Според него, веќе во тек е процесот на ажурирање и активна регистрација на членството на СДСМ.
„Правиме уште еден чекор, кон поголема демократизација на партијата. За прв пaт во земјава, на 21 март ќе се одржат директни внатрепартиски избори и тоа ќе го направи СДСМ.Членовите на нашата партија ќе бираат претседател на СДСМ, што е врв на внатрепартиската демокарија.Она што особено ме радува, паралелно на овој процес имаме и пристапување нови членови.Денеска се сретнав со неколку млади луѓе, кои се зачленија, се приклучија на СДСМ, на кои им посакав добредојде во социјалдемократското семејство.Радува тоа што кон партијата се приклучуваат прогресивни луѓе кои сакаат да дадат придонес во промените на партијата а со тоа, заедно да го менуваме, да го подобруваме општеството.СДСМ покажа внатрешен капацитет да се менува и тоа гледам дека е препознаено од граѓаните.
Секако дека СДСМ има свои недостатоци, но се менуваме, се подобруваме.Се откажавме од старите, погрешни салонски навики. СДСМ денеска е партија блиска до граѓаните, прифаќаме критика, поттикнуваме гласност, знаеме да се повлече од одредени иницијативи и да прифатиме подобри редлози.Со СДСМ државата е сигурна, безбедна и стабилна, и покрај сите предизвици растат платите, повеќе пари завршуваат назад кај граѓаните.Наместо да ги туркаме најгорливите проблеми под тепих, се впуштивме во решавање на повеќедецениските прашања кои ја загрозуваа иднината на нашата земја.Затоа денеска сме горди, 30 земја членка на НАТО, исполнета е стратешката цел!Важни се политиките и вредностите кои одредена партија ги спроведува и што од тоа добиваат граѓаните.Затоа сакам да упатам апел на сите кои ги делат овие вредности да се приклучат на социјалдемократското семејство.На тимот на СДСМ кој носи напредокот, на тимот на демократијата, слободата, социјлната правда, еднаквоста.Заедно сите здружени, сплотени да ги менуваме работите во општеството кон подобро“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кога немаат одговор на суштината, преминуваат на лични дискредитации, велат од ЗНАМ за СДСМ
СДСМ повторно се обидува да ја замени политиката со навреди, аргументите со етикети, а вистината со конструкции, реагираат од ЗНАМ откако претходно од СДСМ истакнаа дека Максим Димитриевски е платеник на ВМРО кој за свои лични и бизнис интереси со ЗНАМ сакаше да го уништи СДСМ одвнатре.
„Кога немаат одговор на суштината, преминуваат на лични дискредитации. Движењето ЗНАМ за Наша Македонија е дел од оваа власт со достоинство, со принципи, со сопствена идеолошка и програмска матрица и сопствен пат делувајќи исклучиво во насока што ја ветивме пред граѓаните – чесна, одговорна и државничка политика. Кога од СДСМ се осмелуваат да зборуваат за тендери, првично нека се погледнат во огледало.
Години наназад токму тие ја претворија државата во партиска каса, институциите во сервис за свои луѓе, а правдата во селективен инструмент.
Денес, кога институциите почнуваат да функционираат без партиска директива, СДСМ панично бара алиби во измислени конструкции“, додаваат од таму.
Навредите за „кукавичко јајце“, „платеник“, „тендер коалиција“, според нив, се јазик на политичка немоќ.
Тоа, како што истакнуваат, е истиот тој наратив што ги оддалечи од граѓаните, од работниците од реалноста.
„Токму ваквото однесување и делување на СДСМ ја доведе економијата во состојба во која денес мора да се стабилизираат штетите од нивното владеење.
И наместо да понудат визија, тие сеат омраза. Наместо да бараат виновници во сите, освен во себе, нека соберат храброст и нека се соочат со сопствените постапки и грешки. Нека одговорат зошто по години власт зад себе оставија разочарани граѓани, нарушени институции и чувство дека државата служела на малкумина“.
Македонија
Се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, се работи на безбедна евакуација од погодените подрачја, соопшти МНР
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека интензивно работи на обезбедување услови за соодветна и безбедна евакуација на македонските државјани од погодените подрачја, вклучително и од Обединетите Арапски Емирати.
Во моментов се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, со користење комерцијални летови и, по потреба, владиниот авион. За Обединетите Арапски Емирати и Катар се разгледува можноста за ангажирање комерцијален или чартер-лет, во зависност од безбедносните и логистичките услови.
Во изминатиот период, преку дипломатско-конзуларните претставништва беше асистирано при безбедното извлекување на едно лице од Иран – фудбалер, кој преку Турција се врати во Република Северна Македонија. Дополнително, шест македонски државјани од Израел веќе имаат обезбедено авионски билети од Египет кон Скопје, при што Министерството активно асистираше во нивната координација и заминување.
Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Министерството, во директна комуникација со пријателски земји и партнери, како и преку дипломатско-конзуларните претставништва, ги презема сите неопходни активности за нивно безбедно и навремено враќање во државата.
Македонија
По пад од балкон загина 10-годишно момче во Тетово: родителите дознале од соседите
Денеска (03.03.2026) во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче од Тетово, информираат за „Макфакс“ од МВР.
Според пријавеното, детето кое било со здравствени проблеми паднало од тераса од станот во кој живеело во Тетово, а родителите за настанот биле известени од сосед, по што го однеле во болница.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

