Свет
(Видео) Снежна бура погоди дел од Европа, некои градови се целосно парализирани

Холандија денеска беше погодена од првата голема снежна бура во последните 10 години, што го наруши железничкиот и патниот сообраќај, а студениот бран продолжува да се движи кон другите делови на Северна Европа.
Временските непогоди во Холандија се дотолку големи што холандската влада одлучи да ги затвори сите центри за тестирање на коронавирус на неколку дена.
Холандската метеоролошка агенција издаде црвен аларм во целата земја, предупредувајќи на ветрови што ќе дуваат со брзина до 90 километри на час.
Досега паднаа меѓу пет и 10 сантиметри снег во повеќето делови на земјата, но во некои делови беа измерени и 30 сантиметри.
Националниот железнички превозник издаде известување дека засега е откажано поаѓањето на сите возови во целата земја. На возачите им се препорачува да избегнуваат патувања, а агенциите известуваат за 85 случаи на автомобили кои останале заробени на патиштата поради снегот. Во следните десет дена се очекува температурите да бидат под просечните низ целата земја.
Прекинат е и железничкиот сообраќај во Германија поради снегот, а Британците се подготвуваат за пристигнување на невремето во областа на Северното Море.
Во Германија снегот значително го наруши железничкиот сообраќај во Северна Рајна-Вестфалија, а од саботата попладне предизвика големи одложувања и дури 222 сообраќајни несреќи, во кои се повредени 28 лица.
Во северните делови на Германија се очекува снег до 40 сантиметри.
Снег паѓаше и во Белгија, каде во следните денови се најавува голем пад на температурите.
Во Велика Британија, властите издадоа предупредувања за снег и отежнати сообраќајни услови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Американски државјанин уапсен во Ровињ: снимал голи деца во туристички камп

Полицијата на Истра уапси американски државјанин кој тајно снимал голи деца во туристички камп и го сомничи за кривично дело експлоатација на деца за порнографија, соопшти полицијата денес.
Завчера, околу 19 часот, службениците за обезбедување во туристички објект во Ровињ пронашле 32-годишен државјанин на Соединетите Американски Држави како снима голи деца во близина на угостителскиот објект со мини камера во очила за сонце.
Полицијата веднаш била известена за сомнителното однесување на мажот, а службениците ги пребарале просториите и техничката опрема што ја користел осомничениот, како и содржината што ја снимил, и пронашле инкриминирачки материјал.
По завршувањето на кривичната истрага, вчера вечерта, осомничениот бил предаден на притворската единица на Полициската управа на Истра, со кривична пријава.
„Ваквите кривични истраги покажуваат дека јавноста е сè повеќе свесна за проблемот со снимањето деца и дека граѓаните препознаваат сомнително однесување, што овозможува навремена полициска реакција и апсење на сторителите“, изјави полицијата, која уште еднаш апелираше до родителите да ги следат своите деца и да следат каде се и што прават на плажа.
Фото: принтскрин
Свет
Песков: Средба меѓу Путин и Зеленски пред крајот на август е малку веројатна

Средба меѓу рускиот и украинскиот претседател, Владимир Путин и Володимир Зеленски, пред крајот на август е малку веројатна, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Песков им рече на новинарите дека средбата на високо ниво меѓу Русија и Украина треба да стави крај на спорните прашања и да ги заокружи сите постигнати договори, пренесува ТАСС.
„Дали е можно да се помине низ толку сложен процес за 30 дена? Очигледно е дека е малку веројатно“, нагласи Песков одговарајќи на прашање за можноста за средба меѓу Путин и Зеленски пред крајот на август.
Тој рече дека ставот на Русија за завршување на конфликтот во Украина е многу добро познат. „Нашиот став е наведен во нацрт-меморандумот што беше доставен до украинската страна“, рече Песков.
Тој додаде дека во моментот нацрт-верзии на меморандумот за решавање на конфликтот во Украина се дијаметрално спротивни и дека руската и украинската страна имаат многу работа.
Зборувајќи за решението на проблемот во Појасот Газа, Песков изјави дека Русија отсекогаш поддржувала решение за палестинското прашање со две држави, пренесува „Танјуг“.
Фото: принтскрин
Свет
Стејт департментот одобри продажба на оружје во вредност од 322 милиона долари на Украина

Американскиот Стејт департмент соопшти дека одобрил предлог за продажба на оружје во вредност од 322 милиона долари на Украина за подобрување на нејзините капацитети за воздушна одбрана и обезбедување оклопни борбени возила на Киев.
Потенцијалната продажба, за која Стејт департментот го извести Конгресот, вклучува 150 милиони долари за снабдување, одржување, поправка и ремонт на американски оклопни возила, како и 172 милиона долари за ракетни системи земја-воздух, објавува АП.
Одобрението доаѓа неколку недели откога американскиот министер за одбрана Пит Хегсет нареди привремено запирање на испораките на оружје во Украина за да може Пентагон да ги процени резервите оружје.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, потоа го промени својот став јавно ветувајќи дека ќе продолжи да испраќа оружје во Украина, објавува агенцијата.
Трамп неодамна изложи план европските сојузници да купат американска воена опрема, што потоа би била испратена во Украина. Сè уште не е познато како најновиот предлог ќе влијае на овој аранжман.
Откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година, САД обезбедија повеќе од 67 милијарди долари во оружје и безбедносна помош за Киев.