Црна хроника
Лажни Алфи тепале низ Скопје

Тројца скопјани лажно се претставувале како припадници на специјалната полициска единица Алфа, па легитимирале и тепале по Скопје, соопшти полицијата.
СВР-Скопје со кривична пријава до надлежното јавно обвинителство ги предаде лицата Ф.И. (22), А.А. (23) и Г.Т. (22) сите од Скопје поради основано сомнение дека извршиле две кривични дела и тоа – “ разбојништво“ и “лажно претставување“. Од страна на Истражен судија на тројцата пријавени им е одредена мерка притвор во траење од по 30 дена.
Имено на 9-ти овој месец, околу 22.40 часот пријавените со автомобил „Шевролет матиз“ со скопски регистарски таблички сопственост на второпријавениот А.А. се упатиле на улицата „Кеј Димитар Влахов“ во непосредна близина на МРТ каде го пресретнале оштетениот Е.Х. (37) од Скопје кој се движел пеш сам и му се претставиле дека се полициски службеници од полицискиот тим АЛФА, со кое дејствие сториле кривично дело – “лажно претставување“.
Притоа, му побарале лична карта за да го легитимираат. Бидејќи второпријавениот А.А. со себе носел и радио станица оштетениот поверувал дека станува збор за полициски службеници по што им го дал својот личен пасош за легитимација и откако бил легитимиран од страна на првопријавениот Ф.И. му било кажано да извади се од џебовите и откако оштетениот ги извадил парите Ф.И. го фатил за раката и со употреба на физичка сила му ги оттргнал парите од рака, при тоа удирајќи го со бокс во пределот на левиот образ. Откако пријавените ги зеле парите (1.000 денари) истите влегле во автомобилот и избегале во непознат правец.
Наредниот ден во 1.15 часот на ул. „Цветан Димов“ бб Скопје од страна на полициските тимови на единицата “Алфа“ сега пријавените биле лоцирани и фатени со возилото „Шевролет Матиз„ и приведени во полициската станица во Кисела Вода. Со потврда за привремено одземени предмети од второпријавениот А.А. – поради тоа што е предмет со кој се врши кривичното дело – одземен е и автомобилот кои со записник за примопредавање ќе бидат предадени на Агенцијата за управување со одземен имот. При прегледот извршен во автомобилот пронајдени се и една радио станица марка „Стабо“, една лажно изработена магнетна картичка со амблем на Полиција со натпис НККР и број 0084/09 и еден пар флешери за автомобил.
Исто така, оштетениот Е.Х. ги препознал пријавените и возилото како сторители на кривичното дело како и тоа дека предметното возило е тоа кое е користено при вршењето на кривичното дело./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Возило на 26-годишник оштетено од неколку проектили од огнено оружје: полицијата го расчистува случајот

Вчера околу 21:20 часот во СВР Скопје, 26-годишниот Ш.Ј. од село Крушопек, општина Сарај, пријави дека на паркинг простор пред угостителски објект во село Лака, скопско, неговото паркирано патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки било оштетено од неколку проектили од огнено оружје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредена 29-годишна жена од Битолско по пад од трактор

Вчера во 19:20 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Р-2333 Битола-Драгош, на крстосница за село Барешани, додека 30-годишниот Р.М. од село Острец, битолско, управувал трактор „тафе“ со приколка, неговата сопатничка У.М.(29) од истото село, паднала од тракторот, при што се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.
Црна хроника
14-годишник нападнат на трим-патека во Кисела Вода од повеќе малолетници

Вчера во 14:30 часот во СВР Скопје, 54-годишниот Д.Х. од Скопје пријави дека на 09.08.2025 околу 22:30 часот на трим патека на подрачје на Кисела Вода во Скопје, неговиот 14-годишен син, додека бил со неговиот брат и другарка, по претходна расправија, бил физички нападнат од повеќе малолетници, кои ги познава и кои носеле и метални предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот